Документарецот на поранешниот американски потпретседател Гор заработи над 25 милиони долари од прикажувањата низ целиот свет и ја исполни својата политичка цел – послужи како основа за движењето на активистите за климатски промени и предизвика загриженост за проектираните последици од глобалното затоплување. Кај публиката и кај јавноста остави впечаток дека човештвото се движи кон дистописка иднина на планета која се пече на неподносливи жештини.
Денес, 20 години по премиерата, огромен број од предвидувањата во филмот на Гор се покажаа како погрешни.
Во филмот беше укажано дека планината Килиманџаро во Африка нема да има повеќе снег до 2016 година. Некои брзаа да го искачат врвот. Во Националниот парк Глечер требаше да се стопи целиот мраз до 2020 година. Набрзо во паркот беа поставени соодветни знаци со предупредувања, кои мораа да бидат отстранети пред шест години.
Гор, исто така, го поврза ураганот Катрина со глобалното затоплување - подоцна преименувано во „климатски промени“ - и предвиде дека убиствените циклони ќе станат почести. Националната администрација за океани и атмосфера на својата веб-страница сега додаде посебна секција, во која појаснува: „Накратко, прерано е да се заклучи со голема доверба дека зголемувањето на стакленички гасови предизвикано од човекот предизвикало промена во урагански активности во атлантскиот басен, надвор од опсегот на природна варијабилност“.

Метеорологот Крис Марц објаснува дека климатската наука е полна со природни неизвесности и нијанси, кои филмот на Гор целосно ги отфрла. Снимено беше и продолжение на документарецот во 2017 година, со нова доза лажни предвидувања. Во 2009 година Гор изјави дека во рок од 5-7 години Арктикот целосно ќе остане без мраз преку лето. До денес сè уште го има.
Критичарите попусто реагираат дека Гор не се потпирал на рецензирани научни статии објавени во списанија, туку на изјави од политичари и разговори со научници. Но, повеќето луѓе не ги добиваат своите информации од научни списанија. Тие ги добиваат од медиумите. Таа комуникација е поважна за јавната перцепција отколку науката, вели Марц.
Иако немаше научна основа, медиумите го проширија верувањето дека глобалното затоплување може да предизвика истребување на човекот. Анкета од 2017 година покажа дека 40% од Американците веруваат дека шансата тоа да се случи е пола-пола. Всушност, бројот на луѓе загинати во природни катастрофи никогаш не бил помал, факт што медиумите во голема мера го премолчуваат.

Највпечатливо е тврдењето на прогресивната конгресменка Александра Окасио-Кортез, која 13 години по филмот на Гор кажуваше дека светот ќе заврши за 12 години (за 5 години од сега) поради согорувањето на фосилните горива. Нејзината изјава всушност беше погрешно толкување на специјалниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кој предвиде дека светот ќе треба да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 40-50% до 2030 година и целосно да ги елиминира до 2050 година за да се спречи зголемувањето на температурите за повеќе од 1,5 Целзиусови степени над нивоата на кои биле пред луѓето да почнат да согоруваат многу фосилни горива.
Во извештајот нема ништо што предвидува катастрофа по тој праг, кој веќе сме го преминале, според некои проценки. Се предупредува дека во најлошото сценарио глобалниот БДП може да изгуби околу 2,6%, но сепак би бил околу 10 пати поголем. Но, мнозинството луѓе не го прочитале извештајот, а го слушнале предупредувањето на Окасио-Кортез за крајот на светот.
Таа знае дека било глупост кога го кажала тоа. Но, да не се лажете, таа ќе им се придружи на останатите од еко-левицата во нивната погодна климатска тишина, надевајќи се дека гласачите ќе заборават дека нивната зелена крстоносна војна донесе рекордни цени на енергијата и ја уништи инфлацијата. На оваа годишнина „клима“ е последниот збор што Окасио-Кортез и нејзините сојузници сакаат да го изговорат затоа што доаѓаат среднорочните избори, а гласачите точно се сеќаваат кој го направи животот поскап, вели Лари Беренс, директор за комуникации во организацијата Power the Future.
