Ултра-преработената храна треба да се третира како цигарите

Ултра-преработената храна (УПХ) има повеќе заедничко со цигарите отколку со овошјето или зеленчукот и бара многу построга регулатива, порачува нов извештај на истражувачи од три американски универзитети. Триковите како „ниска масленост“ и „без шеќер“ се мамки со кои се избегнува регулацијата и фактот дека и двете категории покренуваат сличен механизам кај зависникот.

УПХ се прехранбени производи кои се индустриски произведени, честопати користејќи емулгатори или вештачки бои и ароми. Категоријата вклучува безалкохолни пијалоци и спакувани грицки како што се чипс и бисквити.

Постојат сличности во производствените процеси на УПХ и цигарите, како и во напорите на производителите да ги оптимизираат „дозите“ на производите за колку брзо тие дејствуваат на системот на наградување во организмот, при што се потпираат на податоци од науките за зависност.

Авторите сугерираат дека маркетиншките тврдења за производите, како што се „ниска масленост“ или „без шеќер“, се „перење“ со која се сака да се избегне регулацијата. Слична маркетин тактика се користеше за цигарите во 50-тите години.

И пациенти на клинички психолози сведечеле дека потребата од газиран сок или грицки ја доживуваат слично како потребата да запалат цигара. Слично им е и неможењето да им се одолее.

Истражувачите препорачуваат да се направи разлика помеѓу штетните УПХ и другите прехранбени производи на ист начин како што алкохолните пијалоци се разликуваат од другите пијалоци. Потсетуваат и на други механизми кои стојат на располагање како што се судски спорови, маркетинг ограничувања и слично. 

3 февруари 2026 - 13:29