Извештајот од Комитетот на Претставничкиот дом во САД се толкува низ Европа како доказ дека Европската комисија ја преминала линијата и интервенира во демократските процеси преку Законот за дигитални услуги, наменет за регулирање на онлајн платформите.
Во кампањите се отстранувале содржини што биле оценети како политички незгодни - критички коментари кон ЕУ, скептицизам за миграциската политика, критика на родовата идеологија, „популистички“, па дури и политичка сатира. Конгресот ова го претстави како идеолошка цензура скриена зад правна маска.
Лидерот на романската опозиција, Георге Симион, ја обвини владината коалиција дека сега ги цензурира и пратениците во Парламентот, забранувајќи им да говорат за оценката од Вашингтон дека под притисок од Европската комисија му била поништена победата на Калин Георгеску на претседателските избори во 2024 година. Георгеску беше елиминиран поради „координирана руска кампања“, иако подоцна се откри дека кампањата била финансирана од Романија.
Симион тврди дека извештајот потврдува дека во Романија бил извршен „државен удар“ на 6 декември 2024 година.
Извештајот од Комитет на Конгресот на САД директно ја посочува Романија. Владата не може повторно да ја закопа главата во земја. Реалноста е дека немаше руско мешање на претседателските избори. Реалноста е дека, во овој момент, Калин Георгеску се влече недела по недела пред полицијата, обвинителите, судиите, без никакви докази, изјави Симион.

Во Унгарија извештајот е протолкуван како можно сценарио за претстојните парламентарни избори. Балаж Орбан, политички директор на премиерот Виктор Орбан, тврди дека документите откриваат шема на мешање што веќе се применува низ Европа.
Категориите кон кои е насочена цензурата - критики за миграцијата, спротивставување на родовата идеологија и наративи критични за елитата - тесно ги отсликуваат политичките линии на раздор по кои Унгарија долго време се судира со Брисел, изјави Балаш Орбан.
Тој го обвини естаблишментот на ЕУ дека бара промена на режимот, бидејќи Унгарија е една од ретките земји во ЕУ што отворено се спротивставува на ескалацијата во војната во Украина, ги отфрла новите фискални оптоварувања врз семејствата и се спротивставува на понатамошната централизација на моќта во Брисел.
Поранешниот холандски европратеник Роб Рос ги отфрли вообичаените тврдења од Брисел дека мешањето во изборите во Европа првенствено е поттикнато од Русија или од Кина. Тој ја обвини ЕУ дека ја поништила волјата на романските гласачи и инсталирала послушно лидерство под знамето на „европските вредности“.
******
Види и: Брисел води децениска кампања за глобална цензура на интернет