Шолц оцени дека долгорочната нестабилност во Иран почнала во 1953 година, кога тогашните разузнавачки служби на САД и на Британија го помогнаа соборувањето на демократски избраната влада на Мохамад Мосадек и на челото на персиската држава го инсталираа шахот Мохамад Реза Пахлави. Диктатурата на шахот доведе до подемот на радикалните сили и до Исламската револуција, која наметна брутален режим.
Без таа интервенција, Иран можеше да прерасне во просперитетна држава во сојуз со Западот. Многумина во тоа време се надеваа на поинаков исход по падот на шахот, но на крајот се разочараа, изјави Шолц.
ЦИА повеќе нема моќ да собори режим во Техеран како пред 73 години, но американскиот претседател Доналд Трамп пред еден месец отворено ги поттикна продемократските демонстранти да ги продолжат протестите за соборување на режимот во Техеран. Им порача дека „помошта доаѓа“ и испрати армада кон Блискиот Исток, но засега се воздржува од воена интервенција, оставајќи простор за преговори за запирање на иранската нуклеарна програма.
Шахот Реза Пахлави, во исто време, од безбедна далечина од Вашингтон побара демонстрантите да ги заземат градските центри.
Трамп, а потоа и Европската Унија, за да го засилат притисокот врз Техеран, ја прогласија иранската Револуционерна гарда за терористичка организација и се заканија со засилени санкции за Иран.
Говорејќи за економските притисоци врз Иран, но и во светот воопшто, како алатка на Западот за наметнување политики, Шолц предупреди дека економските врски сами по себе не можат да спречат конфликт.
Илузија е да се верува дека трговијата автоматски води кон мир. Капитализмот историски се проширил само преку војување. Во некои случаи војните избувнуваат токму поради економски мотиви, како, на пример, контролата на нафтата и другите ресурси, изјави Шолц.
******
Види и: Америка еднаш веќе сруши иранска власт. Научија ли нешто?
Апаши, од најголемите
Нуклеарниот стартер пакет на Иран му го дадоа САД