Нуклеарниот стартер пакет на Иран му го дадоа САД

Техерански истражувачки реактор, мал нуклеарен реактор што се користи за мирнодопска научна работа, му беше испорачан на Иран од страна на САД во 1960-тите во рамките на програмата „Атоми за мир“. Таа програма ја буткаше претседателот Двајт Ајзенхауер. А тој беше под влијание на Опенхајмер, научникот кој ги разви атомските бомби фрлену во Јапонија.

Целта на програмата беше да се сподели нуклеарно знаење со сојузниците на САД, да се помогне во економскиот развој и да се зајакне политичката координација за време на Студената војна.

Иако реакторот во Техеран денес не збогатува ураниум, нуклеарната програма на Иран уште од почетокот се доживуваше како национална гордост.

„Му го дадовме на Иран почетниот комплет“, признава Роберт Ајнхорн, поранешен американски човек  за контрола на оружјето вклучен во нуклеарните разговори со Иран. „Во тие денови не бевме многу загрижени за ширењето на нуклеарното оружје, па затоа бевме доста промискуитетни во врска со трансферот на нуклеарна технологија.“

Ајзенхауер бил под влијание на научници како што е Џ. Роберт Опенхајмер, кој одиграл централна улога во создавањето на атомската бомба што се користела во Хирошима и Нагасаки. Во овој период, Иран бил управуван од шахот Мохамед Реза Пахлави, монарх образован на Запад кој тесно соработувал со САД. 

До 1970-тите, Иран потпиша договори со европските сојузници, вклучувајќи договор од милијарда долари со Франција за пет реактори од 1.000 мегавати. Иран на темата преговараше и со Германија за дополнителни реактори и со Јужна Африка за ураниум.

Во 1978 година, загриженоста во администрацијата на Картер доведе до ревизија на договорот на Иран за купување осум американски реактори. Реакторите никогаш не беа испорачани. Во 1979 година, Исламската револуција го собори шахот. Под водство на ајатолахот Хомеини, иранските клерици  ја деприоритетизира нуклеарната енергија, поврзувајќи ја со Западот и наследството на Шахот. По осумгодишната војна на Иран со Ирак во 1980-тите, Хомеини сепак ја преиспита стратешката вредност на нуклеарната технологија.

Тогаш Иран се сврте кон Пакистан кој беше на пат да изгради нуклеарна бомба. Пакистанскиот научник Абдул Кадер Кан, познат на црниот нуклеарен пазар, му продаваше центрифуги на Иран способни за збогатување ураниум до ниво на оружје. Според Гари Саморе, виш нуклеарен советник на Белата куќа под претседателите Клинтон и Обама, ова било главната пресвртница. 

Политиката на САД долго време забранува споделување на технологијата за производство на нуклеарно гориво, која може да се користи и за оружје, со нации кои веќе не ја поседуваат.

Меѓу најновите што изрази желба да развива нуклеарна технологија за енергетски цели е Садуска Арабија.

25 јуни 2025 - 19:10