Талибанците донесоа закон што им дозволува на мажите да ги тепаат своите жени сè додека тоа не дојде до „скршени коски или отворени рани“.
Кривичниот закон од 60 страници - потпишан од Хибатула Ахунџада, врховниот лидер на Талибанците и дистрибуиран до судовите низ Авганистан - ги класифицира тепањата од страна на брачните другари како „дискрециона казна“ а не како кривично дело.
Маж може слободно да мава по жената и децата, под услов насилството да не остави видливи скршеници на коските или отворени рани. Дури и кога може да се докажат сериозни повреди, максималната казна е 15 дена затвор.
А законот е напишан така да тешко е замислив и остварлив во реалноста.
Член 32: „Ако сопругот ја удри својата сопруга (подносителката на жалбата) со сила што резултира со скршена коска, рана или видливи траги на телото, а подносителката на жалбата го докаже својот случај пред судијата, сопругот е виновен и судијата ќе го осуди на петнаесет дена затвор.“
За да поднесе тужба, жената мора лично да ги покаже своите рани на машки судија, додека останува целосно покриена со превез и во придружба на машки старател. Во повеќето случаи на семејно насилство, тој старател е сопругот кој го извршил тепањето.
Два члена понатаму, се вели дека жена која ќе замине кај своите родители без дозвола од сопругот - дури и за да избега од насилство - се соочува со затвор до три месеци. Истата казна ги очекува членовите на семејството кои ќе ја засолнат.
Ја нема Грета Тунберг, нема протести на Запад, нема ставање профилни слики за поддршка на Фејсбук... пишавме во статијата Прогресивци, каде сте, кај отидовте?