Џон Клиз: Работата не е за смеење

Во класичната филмска комедија „Рибата наречена Ванда“, Џон Клиз има ваква реплика: „Дали имате идеја како е да се биде Англичанец? Да се ​​биде екстремно  коректен цело време, да се биде постојано задушен од страв да не направиш нешто погрешно“. Денес 86-годишниот Клиз има далеку поопиплива секирација што е Англичанец: дали неговото практикување на слободата на говорот ќе го направи криминалец во сопствената земја.

Во неодамнешно интервју, Клиз забележа дека новите владини стандарди за говор би класифицирале многу граѓани, вклучително и него, како претпоставени криминалци поради критикување на одредени политики.

„Бидејќи сум исламоскептик, загрижен сум што лабуристичката влада може да ме категоризира како терорист...“

Владата на Кир Стармер оди сè подлабоко во криминализацијата на говорот. Упатствата вклучуваат и тн. културен национализам, кој може да биде предмет на владини репресии. Дури и да се сугерира дека западната култура е под закана од масовна миграција и слабата интеграција на одредени групи се третира како опасна идеологија.

„Ако е така, јас недвосмислено сум терорист и можат да ме уапсат,“ реагира Клиз.

„Обединетото Кралство ја уништи слободата на говорот во име на социјалната кохезија и редот“, оценува професорот Џонатан Тарли. 

Тој наведува бизарни примери од секојдневието: човек бил уапсен заради маица против полицијата, Друг затоа што го нарекол ирскиот дечко на неговата поранешна девојка „лепрекон“,  трет бил уапсен зашто ја пеел песната „Kung Fu Fighting“.

Земји со најмногу апсења за онлајн коментари, покажавме во статијата „Велика Британија како онлајн Голи оток

Види и:

Британска чизма тоталитаризма

 

21 февруари 2026 - 22:28