Вести

Враќање на Гестапо

Германија ја урива бариерата меѓу полицијата и тајните служби, поставена после ерата на Хитлер. Германскиот кабинет одобри пакет нацрт-закони од 700 страници со кои масовно се прошируваат овластувањата на нејзините домашни и странски разузнавачки агенции. „Ги претвораме нашите разузнавачки служби во вистински тајни служби“, гордо рече за реформата сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Речник

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Малдиви ко дома за околу 23.000 долари

Несебично нудејќи дел од својот рај на планетава (затоа што кредити мора да се плаќаат) ресорт на Малдиви пушти пакет-аранжман за 7 дена „работа од дома“ од некој од островите за нешто повеќе од 3.000 долари на ден.

Ако Трамп изгуби избори треба да воведе воена состојба

Советот доаѓа од еден од најкарикатуралните ликови во американската политика и прототип за филмски негативец, Роџер Стоун, кој во оваа реалност која ни се падна е и еден од најблиските советници на американскиот претседател.

Во радикален пресврт Би-би-си дозволи да се отпее „Rule, Britannia!“

По неколку недели сериозни контроверзии во британската јавност, британската национална телевизија Би-би-си смогна сили и одлучи да дозволи британската патриотска песна „Rule, Britannia!“ да се отпее на затворањето на еден музички настан што го организираат. Датумот за палење на Би-би-си допрва треба да биде одреден.

CNN и Трамп: Ти мене анти-војводо, јас тебе анти-сердаре

Иако непријателството меѓу Доналд Трамп и CNN личи на епско непријателство до истребување кое ја обележува политичката ера на Трамп, зад кулисите работите стојат многу поинаку.

Британците се распоредуваат во шесторки

Од утре (понеделник, 14.09.2020) во Велика Британија влегуваат на сила нови рестриктивни мерки предизвикани од скорешниот пик на заразени од коронавирус. Ќе биде дозволено групирање на максимум 6 луѓе, и надвор и внатре а нема исклучок ни за децата. Во Шкотска децата под 12 се изземени од ова правило ама затоа оние 6 лица мора да бидат од најмногу две семејства.

Што е проблемот што Калифорнија секоја година катастрофално заглавува со пожари

Пожарите сезона 2020 се рекордно најкатастрофалните во историјата на Калифорнија, а ако се суди по минатите години, една од најбогатите сојузни држави во САД овој проблем нема да го реши ни за 2021.

Кој е за ваучери за култура?

Како и кај другите буџетари, и во културата имате вредни и талентирани махери кои заслужуваат 3-4 пати поголема плата од сегашната, ама и армија цицалчиња (што луѓе, што цели институции) кои ја добиваат својата редовна буџетска порција без грам труд и одговорност. Да нафрлиме еден предлог (од Хрватска) за кататоничната културна сцена во Македонија, можеби нешто во барата ќе се размрда.  

Како да пишуваш за Балканот за кликови и влијателност

Еден мал и одлично напишан туторијал за тоа како да се освојат симпатиите на Косоварите, а како на Србите. За Македонците, упатството веројатно би било уште поедноставно. Кажи нè по име и веднаш се превртуваме на грб како мачиња, спремни да бидеме галени уште малку. Уште па ако ни признаеш дека Грците се педеришта, почнуваме да предеме, со молба: „Кажвај ни цели реченици...“

Бракот на Меланија со Трамп да ти бил чисто од корист

Без разлика колку светот беше убеден дека чиста љубов е основа на бракот меѓу поранешната словенечка манекенка и богаташот и претседател на САД, излезе дека и двајцата ја гледале само сопствената корист.

Трамп би поднел оставка во замена за помилување?

Доколку вечерта по изборите резултатите не излезат во корист на американскиот претседател, многу е веројатно дека Трамп инстантно ќе си поднесе оставка за Мајк Пенс да може да го помилува и амнестира за сите можни идни судски гонења заради федералните прекршоци што можеби ги направил.

Хуавеи минус Андроид

Од следната година Хуавеи и официјално ќе почне да продава смартфони кои работат на ХармониОС алтернативата на Хуавеи за Андроид на Гугл. Денес компанијата ја пушти втората верзија од ХармониОС.

Дај му на Џо, Трамп

„Биди мојот херој“ му напишал Џо Егзотик на Доналд Трамп барајќи да биде помилуван од долгогодишната робија заради ковање заговор за убиство на неговата архи-непријателка. Па уште и грешел во пишувањето, за да му долови дека му ги мачат рацете во затвор.

Тарифите на Трамп го оставија Луј Витон без Тифани

Луј Витон Моет Хенеси (ЛВМХ) има намера да ја купи Тифани енд ко. за околу 18,5 милијарди долари. Неколку одлуки на Трамп подоцна плус пандемија и Тифани поднесе тужба против ЛВМХ за повлекување од договорот.

Прекинато тестирањето на вакцината на Оксфорд

Вакцината што ја развива Универзитетот во Оксфорд која моментално е во фаза на тестирање на луѓе, е ставена на пауза откако еден од луѓето на кои се тестира добил „необјаснива болест“.

Валканата тајна на Лестер

Неколку месеци Лестер беше англискиот Бергамо, озлогласен хот-спот за зараза со коронавирус. Во потрага по кластерите, се открива скандалозна експлоатација на работници. Како во времето на Дикенс.

Трамп не може да избрка мигранти колку Обама

Во тековната фискална година, американските служби депортирале повеќе имигранти отколку во која било фискална година на претседателствувањето на Доналд Трамп. Но, почекајте малку контекст: под водство на Трамп, администрацијата уште нема достигнато нивоа на депортација регистрирани во мандатите на Барак Обама.

Оскари по родово-расно-етнички клуч

Во иднина за еден филм да се квалификува во категоријата најдобар филм ќе мора да исполни 2 родово-расно-етнички предуслови, и ова ќе биде поважно од какви било кинематографски и уметнички квалитети на филмот.

Колку чини еден музички албум во 2020? 5 долари, 100 евра, 1.000 фунти?

Зависи кој го продава. Има артисти за кои албумот е само иницијална каписла за нов бизнис проект кој ќе донесе многу повеќе пари од самиот албум. А има и такви кои знаат дека иако целата музика веќе е на стриминг платформите, постојат фанови кои ќе платат многу повеќе за да го држат албумот во рака, како талисман.  

Пожарот предизвикан од глуп народ

Наспроти оние со фабрички дефект и опсесија за палење, има една посебна категорија луѓе чија глупост/невнимание се одговорни за дел од пожарите кои повторно хараат низ Калифорнија.

Завршна битка на Асанж

Правниот процес за проценка дали основачот на Викиликс треба да биде екстрадиран во САД влегува во завршната фаза. Иако полн со драми и трилер детали, поентата на овој случај е едноставна: ако Асанж заглави робија заради откривање на американски воени злосторства, секој новинар на светов ќе заглави на ист начин. Благодарејќи на Викиликс, ние дознавме дека имаме и плаќаме министер кој е заштитен сведок на странска амбасада. 

Документарец за порничите на Бин Ладен

Нешнл џиографик живо заинтересиран за содржината на компјутерот на Бин Ладен решава да прави документарец за истата, конкретно за порно фолдерите.

Не е доволно да се преживее, треба и да се живее

Се осудувам да се понадевам дека како општество, конечно почнавме да сфаќаме дека да се биде жив не значи да се биде еден од оние 99% кои ја преживеале короната. Да се живее не значи само да се избегне смртта туку и да се застане во одбрана на сите оние вредности за кои навистина се исплати да се живее.

Суспензија по звучност

Универзитетот на Јужна Калифорнија ставил под суспензија свој професор кој на час изговорил кинески збор кој на англиски звучи расистички. Да, и нам не ни се верува какво време ни се погоди.

Како Африка куртули од ковид-19?

Да, и во Африка има заболени од ковид-19, за жал има и починати од вирусот, ама тоа не е ни приближно до апокалиптичните бројки за Африка кои се предвидуваа на почетокот од пандемијата, и кога светот кој не можеше да и помогне на Италија, целосно го отпиша континентот. Сега има една теорија според која не сме ни и биле потребни на Африка.