Апсолутниот херој ем анти-херој од популарниот документарец очекува помилување од Доналд Трамп и планира да му го достави предметот од 257 страни кој заврши со 22 годишна затворска казна заради планирање на убиство на Карол Баскин, лута конкурентка во светот на чувањето егзотични животни.
Се вика Џозеф Малдонадо-Пасаж но попознат е како Џо Егзотик и е главен протагонист на документарниот филм Тајгер Кинг, фасцинанта монографија за една Америка која не ја гледаме во меинстрим медиумите а е полна со ликови и бизарности од кои паѓа вилица.
Егзотик во филмот шпекулираше дека Бискин најверојатно го има убиено нејзиниот екс сопруг и го има фрлено на лавови за да го изедат ама па имаше и детали за тоа како тој сака да се ослободи од неговата ривалка.
После викаше дека тоа не било стварно туку било „хипербола“ (замислете Нинџа да знае што е хипербола).
Егзотик замина зад решетки, случајот со Бискин никогаш не беше докажан а зоолошката на Егзотик пред некое време отиде во стечај, пошто тој новиот газда само за свингерај го биваше.
Егзотик му пишал на Трамп дека настрадал во нефер судски случај во кој бил портретиран како геј кој сака оружје и обичен реднек од Оклахома.
„Биди мојот херој. Моите раце се оштетени од малтретирањето во затворот и затоа изБини (sic!) за ракописот и спелувањето“, пишал Малдонадо во писмото до својот политички миленик иако и самиот накратко се има пробано во претседателска трка во 2016 година.
Писмо пишал и еден од мажите на Џо (ги имаше двајца во серијата, истовремено), сведочејќи дека Џо му помогнал да се одвикне од зависностите.
„Во него гледам човек со големо срце и добри намери кој малку загази во ќорсокак но едвај чека некој да го извлече на правиот пат“, пишал Дилон Пасаж.
За вториот маж веќе пренесовме дека денес има ќерка и заби.
Трамп во април призна дека не го гледал филмот и не го знае случајот ама дека сериозно би го разгледал пошто му се чини дека толкава казна е премногу агресивна