Британците се распоредуваат во шесторки

Од утре (понеделник, 14.09.2020) во Велика Британија влегуваат на сила нови рестриктивни мерки предизвикани од скорешниот пик на заразени од коронавирус. Ќе биде дозволено групирање на максимум 6 луѓе, и надвор и внатре а нема исклучок ни за децата. Во Шкотска децата под 12 се изземени од ова правило ама затоа оние 6 лица мора да бидат од најмногу две семејства.

Во пет последователни дена од минатата седмица, бројот на новозаразени во Британија беше поголем од 2.000 а во четвртокот бе речиси 3.000.

Лошите трендови дадоа зелено светло за нови рестриктивни мерки, први по олабавувањето на првичниот национален карантин. Клучна мерка за запирање на галопот на болеста е рестриктивното собирање на најмногу 6 лица, што важи и за внатрешни и надворешни услови.

За да биде мерката едноставна и лесно применлива, од збирот не се изземени ни деца. Исклучоци од ова правило важат само за образовни и деловни опкружувања кои се регулирани со посебни протоколи а на свадби и погреби ќе биде дозволено собирање до 30 лица.

Борис Џонсон предупреди дека полицијата ќе има право да ги растура групите поголеми од 6 луѓе и да пишува казни за тоа.

Дизајнирањето на новите рестрикции е инспирирано од скорешните успеси на Белгија да ја заузда епидемијата со слични мерки.

„Ако сакаме да имаме пристоен Божиќ, ќе мора благовремено да ги стишаме бројките,“ изјави министерот Мајклч Гоув.

Новите правила изгледаат вака:

 

 

13 септември 2020 - 11:01