Пожарот предизвикан од глуп народ

Наспроти оние со фабрички дефект и опсесија за палење, има една посебна категорија луѓе чија глупост/невнимание се одговорни за дел од пожарите кои повторно хараат низ Калифорнија.

Еден од тие е Ел Дорадо пожарот кој до сега е распослан на над 28 квадратни километри во Калифорнија, а започнува за време на една забава за откривање на полот на бебето што го очекува едно тамошно семејство.

Во едно од најтоплите и сушни лета во Калифорнија, и време кога Лос Анџелес ја бележи највисоката температура во својата историја, 49,4 степени Целзиусови, неименуваното семејство ја организира и онака непотребната забава за откривање на полот. За време на забавата на „пиротехничката машина за чад“ и се случува некаков курцшлус и од нејзе започнува пожарот.

Калифорниските власти предупредија дека луѓето кои предизвикуваат пожари можат за тоа да одговараат и финансиски и кривично. Во април 2017 иста ваква забава започнува пожар во Аризона кој се шири на над 180 километри квадратни. Тогаш таткото добива условно, и треба да плати отштета од 8 милиони долари.

Од 15-ти август годинава Калифорнија има над 1.000 пожари, кои најчесто се започнати од удари на гром. Најголемиот е Крик пожарот кој петокот попладне до сега има опфатено речиси 300 километри квадратни и се уште не е под контрола.

7 септември 2020 - 13:20