Односот кон мигрантите беше еден од главните рефрени кои го обележаа доаѓањето на Трамп во Белата куќа. На истекот на првиот мандат, бројките сугерираат дека ниту тој има толку железна рака како што се фали, ниту пак дека гази преку луѓе, како што го офираат политичките противници.
Под Обама, вкупниот број на депортирани лица изнесувал преку 3ч85.000 годишно во периодот 2009-2011, а рекордна цифра била постигната во 2012 кога ла коруња депортиво им се случило на 409.849 лица. Бројките паѓаат под 250.000 во фискалните 2015 и 2016.
Под Трамп, депортациите паѓаат на 226.119 во фискалната 2017, се качува нешто над 250.000 во 2018 а рекорд во мандатот е 282.242 оваа фискална година (за почеток на фискална година се смета 1 октомври минатата година).
Кампањата за 2020 година Трамп ја стартуваше со слична песна за депортирање милиони нелегално влезени имигранти и најави дека службите за миграција и царина наскоро ќе започнат со рации во различни делови на земјата.