Завршна битка на Асанж

Правниот процес за проценка дали основачот на Викиликс треба да биде екстрадиран во САД влегува во завршната фаза. Иако полн со драми и трилер детали, поентата на овој случај е едноставна: ако Асанж заглави робија заради откривање на американски воени злосторства, секој новинар на светов ќе заглави на ист начин. Благодарејќи на Викиликс, ние дознавме дека имаме и плаќаме министер кој е заштитен сведок на странска амбасада. 

Во централниот кривичен суд на Англија и Велс денеска е закажано продолжение на битката на Асанж против негова екстрадиција во САД.

Сослушувањата треба да траат четири недели и во нив, американското министерство за правда ќе се обиде да докаже дека Асанж регрутирал хакери за да дојде до доверливи владини информации. Претходно, во САД против него беа подигнати 18 обвиненија, дури 17 од нив од законот против шпиунирање. Ако падне во раце на Американците, Асанж се соочува со затвор до 175 години.

Деновиве на Асанж му била одобрена првата посета во последните 6 месеци па успеал да ја види партнерката Стела Морис и нивните две деца, Габриел и Макс. Габриел беше роден кога Асанж беше под заштита на еквадорската амбасада во Лондон.

Еден од клучните објави на Викиликс после кои тргна ловот по Асанж беше хеликоптерскиот масакр на дузина луѓе во едно предградие на Багдад, меѓу кои се најдоа и двајца луѓе на агенцијата Ројтерс. Биле повредени и две деца кои учествувале во спасувањето на ранетите. Ројтерс неуспешно се обиде да дојде до материјалите повикувајќи се на законот за слобода на информациите но благодарејќи на Викиликс, светот можеше да види колку неподносливо лесно изгледа еден таков „ангажман“.

Кратката верзија:

Целата снимка:

Сведоштво на американскиот војник Итан МекКорд:

Иронијата на случајот е во тоа што додека американските власти се обидуваат да спречат да се дознае што сè прават по светот во името на американскиот народ, војната речиси им се префрли во сопствениот двор. Само што БЛМ уште не се дојдени до лекцијата дека и некои други животи се важни.

*******

Види и:

Сопрете ја вистината!

7 септември 2020 - 10:23