Во радикален пресврт Би-би-си дозволи да се отпее „Rule, Britannia!“

По неколку недели сериозни контроверзии во британската јавност, британската национална телевизија Би-би-си смогна сили и одлучи да дозволи британската патриотска песна „Rule, Britannia!“ да се отпее на затворањето на еден музички настан што го организираат. Датумот за палење на Би-би-си допрва треба да биде одреден.

Се работи за „Промс“ настанот кој е организиран како 8-неделно секојдневно одржување концерти на класична музика. Затворањето на настанот секогаш е закажано за втората сабота во септември и е познато како „Last Night of the Proms“. Идентично традиционално е што уште од првото издание во 1895, на последната вечер еден дел од програмата е одвоен за британски патриотски „химни“ како „Rule, Britannia!“ и „Land of Hope and Glory“.

Годинава, затоа што е годинава, изведбата на овие две песни стана контроверзна тема во Британија на која прилично се расправаше, па Би-би-си едно време најави дека делата ќе бидат изведени без текст. Бидејќи изведбата стандардно се пренесува на огромни видео-бимови, Би-би-си дополнително објасни: песната ќе биде изведена во инструментална верзија, меѓутоа никој не ја спречува публиката да пее за време на преносот.

Што е контроверзно кај песната? Напишана е во 1700-те, кога Британија е доминантната светска сила, со тоа и доминантен експлоататор на сите страни низ светот, а со тоа доаѓаат и сите зла и неправди што тогаш ги правела, па некои песната ја доживуваат како воспевање на овие злосторства.

Вака поставена изведбата на овие песни беше доживеана како пенал за двете страни кои моментално го имаат запоседнато јавниот простор, па околу тоа дал некои стихови треба или не треба да бидат изговорени на државната телевизија се произнесоа сите од музичари и луѓе од индустријата, до вечерни програми па и Борис Џонсон.

На крај, на Последната ноќ песната беше отпеана од јужноафриканскиот сопран Голда Шулц, без пратечки хор и без да ја згреши.

Како беше пред само 10 години:

Rule, Britannia!


Land of Hope and Glory

14 септември 2020 - 10:27