Грег Патон, професор на тамошната Маршалова школа за бизнис, држел онлајн лекција за зборчињата кон кои често се прибегнува за да се пополни реченица или говор, па дошол до „спорниот“ дел во кој на студентите им објаснувал дека тоа треба да се гледа во културолошки контекст.
На пример, во Кина често се изговара „тоа, тоа, тоа“ кое на кинески звучи „nèi ge, nèi ge, nèi ge’”
Ако сте наивни па не забележавте, професорот кажа нигер! Ете, тоа е целиот грев.
Управата на Универзитетот сооопшти дека професорот Патон се согласил да паузира со работа додека тие не ја разгледаат целата ситуација и не решат кои ќе бидат следните чекори па издаде едно ултра коректно скоевско писание.
„Ние сме свесни за историските, културни и штетни влијанија на расистичкиот говор. Универзитетот нуди мерки за поддршка на секој студент или член на факултетот кому му е потребна асистенција во овој поглед. Нашата установа е посветена на градење култура на почит и достоинство во која секој член на заедницата ќе се чувствува сигурен, безбеден и поддржан.“
Еве како банално звучи комуникациската банана на која се лизна комуниколошкиот професор.
Инаку, Патон важи за еден од најголемите светски експерти за комуникологија и лидерство, добитник е на многу престижни меѓународни награди и е еден од најзаслужните што Маршаловата школа на тој Универзитет често е рангирана #1 за комуникации и развивање лидерски вештини на глобално ниво.
На негово место, ние на ректорот на тој универзитет би му рекле дека на кинески, неговото име се изговара Шу Пак.