Њујорк тајмс објавува дека волонтер во Британија бил дијагностициран со воспаление на 'рбетниот мозок (Transverse myelitis) кое може да биде предизвикано од вироза.
Сепак причината за болеста се уште не е утврдена и тоа треба да биде покриено со независна истрага која ќе открие дали таа е поврзана со вакцината.
Оксфорд вакцината (развивана заедно со британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека) е една од најочекуваните вакцини против ковид-19. Надежта е дека таа ќе биде меѓу првите што ќе излезе на пазарот по успехот во фаза 1 и фаза 2.
Фаза 3, која моментално е запрена, опфати околу 30.000 учесници од САД, Британија, Бразил и Јужна Африка. Стандардно тестовите во фаза 3 вклучуваат илјадници учесници и можат да траат по неколку години пред вакцината да биде пуштена во оптек. Во случајот со вакцината против ковид-19 најверојатно нема да го имаме овој тест период.
И докторите и тимот од Оксфорд објаснуваат дека стопирањето на тестирањето е стандардна рутина кај овие тестови секој пат кога некој од пациентите ќе биде примен во болница без да е очигледно јасно што е причина за нивната болест.
Одлуката за продолжување со тестирањата треба да ја донесе британскиот здравствен регулатор, и тоа би можело да се случи во следните неколку дена.