Малдиви ко дома за околу 23.000 долари

Несебично нудејќи дел од својот рај на планетава (затоа што кредити мора да се плаќаат) ресорт на Малдиви пушти пакет-аранжман за 7 дена „работа од дома“ од некој од островите за нешто повеќе од 3.000 долари на ден.

За овие пари во островската канцеларија, меѓу другото, добиваш биро со поглед на океан, дедициран личен асистент, нон-стоп освежување и хемиско за твојата облека.

„Воркејшн“ пакетот го нуди Наутилус Малдиви кој повторно почна со работа на 1-ви септември, а освен 1 недела, има пакети и за две и три седмици престој, кои (со попуст на количина) чинат 37.850 долари и 52.000 долари.

Наутилус има сопствен приватен остров на кој се поставени 26 куќарки за гости.

Малдиви е една од туристичките дестинации која е отворена за гости од сите држави, од кои само се бара негативен ПЦР тест направен не повеќе од 72 часа пред заминување од матичната дестинација.

Логиката на Наутилус е ако луѓе мораат да работат од дома, зошто да не биде тоа од дом со поглед на океан, наместо на бетонска џунгла.

14 септември 2020 - 14:11