По ново Оскарите инсистираат на разноликост на ангажираните: пред камера, зад камера, во студио и можностите за обука и напредување што им се даваат на лицата од друга раса или етникум вклучени во филмот.
Сите овие предуслови се и подетално опишани. За да се исполни разноликоста пред екраните филмот мора да има барен еден главен лик или значителен спореден лик од недоволно застапена расна или етничка група; најмалку 30% од споредните улоги мора да бидат од две недоволно застапени групи; или главната приказна, тема или наратив мора да бидат фокусирани на недоволно застапени групи.
Според академијата недоволно застапените групи опфаќаат жени, луѓе кои не се белци, ЛГБТ+ лица или лица со хендикеп.
Наградата за најдобар филм е единствена категорија за која гласаат сите членови на филмската академија.
Втората категорија подразбира дека зад секој филм мора да стојат барем две лица на раководни позиции во студиото или раководители на сектори кои се од недоволно застапените групи, и најмалку еден од нив да биде од недоволно застапена расна или етничка група; и плус минимум 6 члена на екипата што го снима филмот да бидат од недоволно застапена расна или етничка група; или најмалку 30% од екипата да бидат од недоволно застапени групи.
Третата категорија опфаќа опции за платено стажирање и обука за истите овие групи, а четвртата се однесува на нивната застапеност во тимовите за маркетинг, односи со јавноста и дистрибуција.
Ова подразбира дека заедно со филмовите, за номинација на Оскарите ќе треба да се поднесува и посебна документација за сите што работеле на филмот и нивната родова, расна и етничка припадност.
За да влезеш во конкуренција за филм на годината, потребно е да се исполнат два од овие четири услова, а новите квалификации ќе важат од Оскарите 2024.