Таг: оскари

Кога превенцијата на катастрофи всушност предизвикува нови опасности

Во 1984 излезе книгата на Чарл Пероу, „Нормални несреќи“, која тврдеше дека прекумерното вградување на системи за безбедност и предупредување не дава резултати, односно дека тоа може да има и спротивен ефект, да ја зголеми сложеноста на системите и да создаде нови категории опасности. Од тогаш тоа многукратно се има потврдено. Меѓу другото и на Оскарите.

Оскаровци кои во 2023-та би биле „канселирани“

Филмот како уметност еволуира исто како и културата и општествените прилики. Оттаму, некои филмски моменти во ретроспектива можат да делуваат визионерски, но и да бидат во најмала рака проблематични доколку се разгледуваат само во контекст на современите ставови и вредности. Дали ова значи дека тие и тогаш кога биле наградени со Оскар не биле вредни?

Фран Либовиц за шамарот што се слушна ширум светот

Њујоршката авторка и позната социјална критичарка Френ Либовиц споделува мислење за настанот што никако да престанеме да го коментираме: Оскаровскиот шамар.

Знаеш дека е драма кога ќе се вклучи и Педро Алмодовар

Режисерот Педро Алмодовар седеше во близина на Вил и Џејда Пинкет Смит на Оскарите и нефилтрирано се вклучи во дискусијата за она што го нарекува „насилна епизода“.

Шамар од 8 милиони луѓе

Графиконот од гледаноста на директниот пренос од Оскарите во САД.

Да се гледа шамарот на Вил Смит во живо

Шамарот што се слушна ширум светот, во сред нешто што беше прилично строга оскаровска церемонија. Крис Рок излезе да додели Оскар за најдобар документарец, и баш како кога го водеше настанот во 2016, ја закачи Џејда Пинкет Смит за избричената глава и кажа дека „едвај чека втор дел од Џи Ај Џејн“ (Пинкет Смит има алопеција). Она што следуваше фрли сенка на целото шоу.

Фативме 11 Оскари

Ви ветивме 12, се надевавме на 10, на крај уденавме 11 Оскари многу пред Академијата официјално да ги соопшти, а Вил Смит да го зашамара Крис Рок. Малку ли е?

Вил Смит го зашамара Крис Рок на сред Оскари

Целата работа изгледа малку сомнително наместена, ама додека не се разбере повеќе ќе ја водиме како автентично шамарање.

Ги имаме победниците на Оскарите, пред Оскарите

Оскарите 2022 се вечер, а победниците веќе се познати барем на извор близок до нас кој ни даде список со 12 победници од кои гарантира дека во најлош случај 10 се погодени. Предвременото објавување на победниците на Оскари го правиме веќе неколку години по ред, и до сега не се случило да има повеќе од 2 згрешени, ако воопшто има згрешени.

Холивуд не ги дава своите заткулисни играчи

Во отворено писмо потпишано од над 70 холивудски титани, се бара од Академијата да ја отповика одлуката за 8 категории да додели Оскари уште пред емитувањето на церемонијата.

Оскари: Вакцини за номинирани и публика, но не и за презентери

Ковид-мерките за Оскари 2022 варираат во зависност од тоа дали се врачува награда или не - Академијата бара доказ за вакцинација само од номинираните од другите во публиката.

Оскарите воведоа гласање од публика

Филмската академија одлучи на годинешните Оскари глобалната филмска публика на Твитер (позната по својата пристојност и почит) да може да гласа за победникот во две категории.

Кастинг директорите бараат да бидат вклучени во Оскарите

Наградите Еми, Бафта, како и повеќе други филмски награди доделуваат годишно признание на кастинг директорите. На Оскарите такво нешто не постои и тоа за многумина е чудно, а за самите кастинг директори и навредливо.

Дали Оскарите би можеле да ги спојат наградите за најдобар актер и актерка?

На неодамна завршениот виртуелен Берлински фестивал прв пат беше доделена родово неутрална актерска награда. Дали овој пример би можеле да го следат и други филмски награди, и какви би можеле да бидат последиците?

Оскари по родово-расно-етнички клуч

Во иднина за еден филм да се квалификува во категоријата најдобар филм ќе мора да исполни 2 родово-расно-етнички предуслови, и ова ќе биде поважно од какви било кинематографски и уметнички квалитети на филмот.

Фативме 10-ка од Оскарите

Во викендот влеговме со листа од 12 победници на најголемите филмски награди за годинава, неделава ја започнуваме со 10 од нив погодени.

Победници на Оскари 2020, на два дена пред Оскарите

Време е за традиционалното „дали ќе погодиме 10 од 12 Оскари или ќе имаме 12 од 12“. Изворот е ист, категориите горе-долу се тие, со намерно избегнување на категоријата „најдобар документарец“.

Kaко е сниман 1917, филмот кој (најверојатно) ќе го добие Оскарот

Епскиот филм на Сем Мендез е потресна приказна за ужасите на Првата светска војна. А својот ефект го постигнува пред сè со специфичната кинематографија.

Како Оскарите ја искористија дебатата околу расизмот за своја маркетинг кампања

Она што кај нас е газење кој прв слушнал за Хатиџе, во САД последниве години во ова време е газење колку се и колку не се застапени малцинствата во номинациите за Оскар, и колку тоа треба да се промени или не. И Оскарите за сега немаат проблем со галама се додека има галама.

Американското министерство за правда се вмеша во исправањето неправди околу Оскарите

Откако маката што филмаџиите ја имаат со стриминг сервисите како Нетфликс стигна до таму богот на Холивуд, Спилберг, да проговори околу тоа, сега и американските власти излегоа со свое гледиште на целата работа.

Оскарот за монтажа 2019 нема да им го простат во скоро време

Доделувањето на Оскарот за монтажа монтиран во истиот стил како и филмот што ја доби годинешната награда. Авторот на клипов објаснува: „Бидејќи сфатив дека Оскарите не се доволно добро монтирани, сето она што го научив за филмска монтажа од годинешниот добитник на Оскар во оваа категорија, Боемска рапсодија, го земав и го употребив за подобрување на овој говор.“