Таг: оскари

Демонтажа на „најдобрата“ монтажа за годинава

Без разлика колку вие мислите дека е безмозочно што годинава Рами Малек во таа конкуреција го доби Оскарот за најдобра машка улога, луѓето што се занимаваат со монтажа се неспоредливо повеќе збеснати од тоа што Боемска рапсодија воопшто беше номинран во таа категорија, а не па што доби Оскар за истата.

Спилберг: Да го мафнете тоа Нетфликсот од Оскари

Говорејќи на годишниот состанок по Оскарите, како гувернер на Академијата за филмски уметности и како Спилберг, режисерот се отворил против давањето Оскари за филмовите кои доаѓаат од стриминг сервисите (Нетфликс, Амазон прајм и сл.).

Оливија Колман: од компир до Оскар

Помеѓу изненадувањата кои се случија на овогодинешното доделување на престижната награда, едно сигурно долго ќе се памти - тоа што до сега седум пати номинираната и фаворизирана Глен Клоуз сепак не ја доби. Но затоа пак Колман си заслужи посебен Оскар, за најчовечки говор.

Слабо, многу слабо

Така амбициозно влеговме во годинешните Оскари што на плеќите на минатогодишниот успех надлежниот гатач за Оскари и слични церемонии се осоколи да го предвидува и победникот за најдобар филм. Иако само по себе успех е и што се погодени 10 од 13, крајниот резултат не е ни приближно триумфален како минатогодишните 13 од 13.

Оскарите погледнати низ очите на еден етнолог

Кога ќе се спомне „фолклор“ обично се мисли на луѓе во народни носии кои играат пајдушко. Ама ако тие носат познати модни брендови, ја пеат „Шелоу“, и веруваат во Оскаровска клетва, тоа пак е фолклор.

Има зошто сега никој не сака да ги води Оскарите

По целиот „ти текнува што збореше пред 10 години“ скандал со Кевин Харт и неговото откажување од водител на Оскарите, американската филмска академија се уште нема најдено човек за церемонијата во февруари.

Новата категорија Оскар за популарен филм е катастрофална идеја

Не стивнуваат реакциите по најавата дека од следната година ќе почне да се доделува Оскар за најпопуларен филм. Што стана со најдобрите?

13 од 13 Оскари, малку ли се?

Со сериозна доза нескромност и чаталење во саботата објавивме текст со наслов „Победниците на Оскарите 2018, еден ден пред Оскарите 2018“, во кој авансно ги објавивме добитниците на Оскар во 13 категории на ден пред наградите (иако списокот неколку дена седи во пораки), и тоа со очекување дека 2 ќе згреши па и со 11 дека ќе сме задоволни. Некои не сфатија сериозно, ама некои не го знаат човекот колку е напред со материјалот.

Победниците на Оскарите 2018, еден ден пред Оскарите 2018

Традиционално, по веројатно 3 пат, ги имаме предвидувањата за добитниците на Оскари во 13 категории на еден ден пред прогласувањето. Традиционално, на мајсторот му даваме две од карти да утне, па и со 11 погодени го сметаме за успех.

Дали треба да се укине поделбата на машко-женски награди за глума?

Дали има разлика меѓу „доброто“ во добар актер и добра актерка? Ако не, тогаш чуму сите тие родови поделби на наградите, како талентот и вештината за глумење да зависи од анатомијата и хормоните? Некои од големите наградни манифестации почнуваат да ја преиспитуваат оваа концепција. 

Дали она што се случи на Оскарите е доказ дека живееме во компјутерска симулација?

Гафот на Оскарите беше бизарен, но на начин кој е типичен за целиов овој бизарен период, вели Адам Гопник од Њујоркер, кој излегува со...бизарна теза. Дека необичните настани кои се случуваат низ светот во последно време се резултат на грешка во Матриксот. Не, не е сатиричен текстот.

Дебакл!

Не баш дебакл, ама одма е друго кога се прави драма. 4 дена пред наградите ни беа дадени 14 предвидувања за добитници Оскар, на другарска база му дадовме бонус од 2 грешки. Дојде време да се пресметаме.

Оскаровската торба со над 100.000 долари во поклони

Торбата ја добива секој можен номиниран за Оскар, а и покрај тоа ваквото раздавање нема врска со Академијата туку е дело на маркетинг компанијта Дистинктив асетс. Во неа поклоните почнуваат од лабело од 5 долари, па нагоре.

„Под песокот“ (Under sandet/Land of Mine, 2016)

Oвој филм не го доби Оскарот во категоријата „најдобар странски“. Штета, затоа што играта со зборови од неговиот наслов можеше добро да легне. Плус, филмот е одличен, иако на моменти тежок за гледање.

Искрени Оскари 2017

Во конкуренција се 9 филма, сите 9 излезени таман пред сезоната на наградите, да не случајно ги заборави некој, сите 9 изгледани од ретко кого што не морал да го прави тоа по службена должност. Ова се искрените трејлери за номинираните за Оскар.

Добитници на Оскарите 2017

На два дена пред Оскарите ги имаме добитниците во 14 категории. Барем така тврди човекот што ни ја пушти дојавата. Изворот е истиот како и лани, и договорот е ист - ако ги погоди сите не го објавуваме кој е, ако не ги погоди ќе биде објавен со име и презиме. Исто како и лани, пак има 2 џокера. За 2016-та, погоди 12 од 14.

Војникот кој невооружан спасил 75 ранети

Еден од филмовите кои е номиниран за Оскар оваа година е биографската воена драма за американскиот болничар кој служел во американската војска распоредена на Пацификот во текот на Втората светска војна, прв кој добил Орден за храброст иако не сакал да допре пушка.

ФХ3Х со 8 кандидати за номинација за Оскар за визуелни ефекти

Академијата за филмски науки и уметности ги објави 20 филмови кои се потенцијални кандидати за номинација за Оскар за најдобри визуелни ефекти во 2016 година, и тоа се следниве филмови.

Зошто Дикаприо не треба да добие Оскар за "Повратникот"

Не лошо за Дикаприо, туку е лошо за глумата, а логиката на филмскиот критичар Мат Золер Сајтс е дека "глумењето не е тест на издржливост, иако тоа човек не би можел да го сфати од годинешниве номинации за Оскар за најдобар актер."