Неговиот став е дека филмовите во продукција на „стримаџиите“ треба да се натпреваруваат само за Еми наградите, не и за Оскарите.
Главно на Спилберг не му е сеедно што се мешаат филмови направени и емитувани во кино со оние од стриминг.
Од продукциската куќа на Спилберг, изјавиле дека тој сериозно е намерачен на овој проблем и дека се надева дека и други режисери ќе се приклучат на неговата кампања следниот месец.
Спилберг е ден од тројцата гувернери на Академијата од режисерите, и еден од вкупно 17-те кои го сочинуваат Бордот на гувернери. Според официјалниот сајт на Оскарите Бордот „ја поставува стратешката визија, го одржува финансиското здравје на организацијата и осигурува исполнување на нејзината мисија“.
Рома е прв кандидат за најдобар филм на Оскарите кој во основа би бил дигитално издание доколку би победел, а Нетфликс ќе беше првата технолошка компанија што ја има освено највисоката награда во Холивуд.
Победи „Зелената книга“.