Дебакл!

Не баш дебакл, ама одма е друго кога се прави драма. 4 дена пред наградите ни беа дадени 14 предвидувања за добитници Оскар, на другарска база му дадовме бонус од 2 грешки. Дојде време да се пресметаме.

Ситуацијата е следна:

Погодени
- Emma Stone - best actress
- Viola Davis - best supporting actress
- Mahershala Ali - best supporting actor
- Damien Chazelle - best director
- Moonlight - best adapted screenplay
- La La Land - best cinematography
- O.J made in america - best documentary feature
- La La Land - best original score
- City of stars (La La Land) - best original song
- La La Land - best production design
- Jungle book - best visual effect

Згрешени
- La La Land - best film editing
- La La Land - best sound mixing
- La La Land - best picture

Или со бројки 11 погодени и 3 утнати. Иако и 11 е серизоно голема бројка, во кладилничарскиот свет каде не се простува ниту една грешка, 3 утнати тежат многу повеќе.

Како што беше договорено, а подоцна и многу умешно предложено од блиски на дојавувачот, за вака колосална грешка неговото име треба да биде напишано со мали букви. Човекот што доживеа дебакл во предвидување на Оскарите 2017 е: Митре. (Да, тој Митре.)

 

27 февруари 2017 - 17:28