Ги имаме победниците на Оскарите, пред Оскарите

Оскарите 2022 се вечер, а победниците веќе се познати барем на извор близок до нас кој ни даде список со 12 победници од кои гарантира дека во најлош случај 10 се погодени. Предвременото објавување на победниците на Оскари го правиме веќе неколку години по ред, и до сега не се случило да има повеќе од 2 згрешени, ако воопшто има згрешени.

ОСКАРИ 2022, победници:

филм - Моќта на кучето
актер - Вил Смит
режисер -  Џејн Кампион
споредна машка улога - Трој Котсур
споредна женска улога - Ариана ДеБосе
анимиран филм - Енканто: Нашиот волшебен свет
кинематографија - Дина
интернационален - Седни зад воланот на мојот автомобил (Drive my car)
продукција  - Дина
визуелни ефекти -  Дина
звук/тон - Дина
костимографија - Круела

„Тоа е тоа за годинава. Поздрав.“

27 март 2022 - 14:15