Писмото е адресирано до претседателот на академијата, Дејвид Рубин и во него група луѓе меѓу кои и Џејмс Камерон, Гиљермо дел Торо, Кетлин Кенеди и Џон Вилијамс бараат „најупорно што може“ Академијата да не ги фрла под тепих тие што не ѝ се чинат интересни за на сцена.
„Уметници и занаети од критична важност, како работа на музика, монтажа, дизајн на продукција, шминка, фризура и звук секогаш ќе ја заслужуваат истата почит и препознавање како глумата, режијата и визуелните ефекти,“ пишува во писмото. „Да ѝ се одземе на важност на секоја од овие категории заради рејтинг и краткорочен профит прави непоправлива штета на репутацијата на Академијата како непристрасна и одговорна за најважните награди во нашата индустрија.“
Одлуката на Академијата од 22 февруари да ги исече осумте категории од емитувањето многу брзо наиде на критики, а стануваат и сè погласни како што наближува денот на Оскарите. Стивен Спилберг јавно кажа дека не се согласува и продолжуваат дискусиите и шпекулациите околу контроверзната одлука и дали ќе се промени. На официјалниот ручек за номинираните, ни Рубин, ни продуцентот Вил Пакер не го спомнаа тоа во говорите.
Иако повеќето од потенцијалните победници во овие категории не се славни, не значи дека за сите важи тоа: Џони Гринвуд од Рејдиохед е фаворит за најдобра оригинална музика, а Риз Ахмед (номиниран за најдобар актер минатата година) е номиниран за краткиот филм „Долгото збогум“. Можно е (бидејќи се работи за Холивуд), притисокот од моќта на другите славни личности да ја убеди Академијата да се предомисли: режисерот на „Дина“, Денис Вилнев ја нарече промената „грешка“, а Џејн Кампион која е фаворит за режија се потруди да го претстави дизајнот на продукција како витален елемент во филмскиот занает.
„Барањето нова публика со тоа што ќе се направи емисијата позабавна е за поздрав и е важна цел,“ заклучуваат во писмото. „Но ова не се постигнува со омаловажување на занаетите кои, во нивниот најисклучителен израз, ја прават уметноста на правењето филмови вредна за славење.