Бил видно вознемирен и од оскаровскиот говор на Смит, кому му беше врачена статуетката откако го плесна Крис Рок.
„Намерно ја избегнувам насилната епизода што беше единственото нешто за кое што се зборуваше следниот ден. Едвај четири метри бев оддалечен од тоа што се случи. Во снимките од горе, јас сум онаа мала, бела глава што се гледа,“ пишува Алмодовар.
Неговиот филм „Паралелни мајки“ беше номиниран за две награди: Најдобра актерка (Пенелопе Круз) и Најдобра оригинална музика (Алберто Иглесиас).
„Одбивам да дозволам таа епизода да ја означи галата и да бидам протагонист на церемонија каде што се случија многу други нешта со многу поголемо значење. На пример, Drive My Car, без сомнеж мојот омилен филм минатата година победи во категорија Најдобар интернационален филм. Исто и Summer of Soul, мојот омилен документарец, победи во својата категорија.
Сепак, како што реков, бев многу блиску до протагонистите. Она што го видов и слушнав ми создаде чувство на апсолутна одбивност. И не само во тој момент, туку и потоа, кога го имаше говорот - говор што личеше како да го кажува лидер на култ. Не се брани семејството со тупаници и не, ѓаволот не искористува клучни моменти за да изврши влијание.“
Алмодовар зборува за моментот кога Смит со публиката сподели дека Дензел Вашингтон му кажал дека „Кога си највисоко, тогаш ѓаволот доаѓа по тебе.“
„Ѓаволот, всушност, не постои,“ завршува Алмодовар. „Тоа е фундаменталистички говор што не треба ни да го гледаме, ни да го слушаме. Некои велат дека тоа бил единствен реален момент на церемонијата, но зборуваат за безличното чудовиште наречено социјални мрежи. За нив, така гладни за мрша, сигурно било најдобар момент таа вечер.“