Според Њујорк Тајмс, изведувачите и презентерите ќе бидат ригорозно тестирани, но нема да мораат да покажат доказ за вакцинација. Ова е затоа што се сметаат за дел од телевизиската продукција која е подложна на Работен договор што уредува и Ковид протоколи за филм и телевизија, што на продукциите им дава опција за барање вакцини (или не).
Но, одлуката да се бара од повеќето од 2500-те души што ќе бидат присутни да покажат вакцинална картичка е обратна од она што беше известено минатата недела - дека Академијата размислува да нема задолжителна вакцинација - што пак беше негативно примено од нејзините членови. Освен доказ за вакцина, публиката ќе треба да покаже и доказ од барем два негативни ПЦР тестови направени баш пред настанот.
Што се однесува до маските, Академијата размислува да бара и носење маски во повисоките редови на салата, каде што се седи поблиску еден до друг и каде што не седат номинирани.
Новите правила доаѓаат заедно со трендот на попуштање на мерките за Ковид. На Лос Анџелес му треба уште време да се ослободи од некои од рестрикциите, иако Одделот за јавно здравје реши да ги повлече мерките со носење маски на отворено.