„Едноставно е, тие сакаат повеќе пари од даночните обврзници и притоа немаат поим, или просто не ги занима, од каде и како доаѓаат тие пари“, пишува Марио Накиќ за последните протести на културните работници во Хрватска на кои биле изнесени стандардни барања за поголеми вложувања во културата, подобри материјални услови за работа, да нема никакви кратења во време на пандемија и сл.
Тој оценува дека културата во Хрватска е на најниско можно ниво и за тоа ја обвинува државата и нејзината јавна потрошувачка. Државата има научено огромен број луѓе да ги добиваат своите пари без никаква потреба да ги задоволат своите корисници, а тоа се граѓаните. Така граѓаните остануваат без квалитетни културни содржини.
Бидејќи ни вака не оди, а не оди ни сè да биде оставено на светата крава - пазарот, Накиќ предлага модел кој би бил компромис меѓу оние кои сакаат културата и натаму да се финансира од јавни пари и оние кои би ја пратиле да се бори на пазарот.
Еве го предлогот:
„Република Хрватска од државниот буџет оваа година за култура одвојува 1,24 милијарди куни. Покрај тоа, за културни манифестации и локални културни институции, градовите и општините иодвојуваат уште барем една милијарда куни. Тоа се вкупно 2,24 милијарди куни. Ако во Хрватска живеат околу 4 милиони луѓе постари од 5 години, тоа би значело 560 куни по глава на жител.
Замислите секое лице постаро од 5 години, секоја година да добива купон во вредност од 560 куни кои може да ги троши цела година и со нив да купува влезници за театар, кино, изложби, концерти, фестивали итн. Сè по сопствен избор. На крајот, културните работници, износот кој го заработиле од купони на своите проекти, би го замениле за пари со иста вредност од буџетот.
На тој начин би ја елиминирале политиката од културата. Финансирањето на културни проекти веќе не би зависело од тоа дали се политички подобни, не ќе мораат да се бркаат врски во министерството или кај градоначалникот за да заработите од својот труд. Доволно е да се направи проект кој ќе ја најде својата публика.
Од една страна, би се зголемила продукцијата и квалитетот бидејќи културните дејци би се натпреварувале за тие купони на гледателите, случателите и посетителите. И би вложувале во маркетинг за да привлечат што поголема публика. Оние квалитетните сигурно би заработиле повеќе од сега а оние кои немаат што да понудат, ќе мораат да си побараа некоја друга работа. Сè е тоа за луѓе.
Од друга страна, би сведочеле на вистински културен бум бидејќи луѓе масовно ќе почнат да одат во театри, кина, музеи, концертни сали. Едноставно, ако луѓето знаат дека имаат право на нешто и дека тоа можат да го искористат само на одреден начин, ќе гледаат тоа да го искористат. Вредноста од 560 куни не е за фрлање. И оние кои претходно можеби никогаш не биле на театар, ќе почнат да се интересираат за тоа.
Ако некој ги потроши тие 560 куни пред крајот на годината, ќе продолжи да посетува културни настани плаќајќи стандарден билет.
Драги културњаци, ако велите дека културата е јавно добро, ќе се сложам со вас. Немам ништо против тоа вашата работа да се финансира со пари од даночните обврзници, тоа е така и во овој предлог. Но и вие ќе морате да го прифатите фактот дека досегашното функционирање е бесмислено бидејќи сте станати вреќа без дно и цел. Сакате повеќе да заработувате? Јас сум од ваша. Ама почнете да размислувате малку пазарно“.