Како да пишуваш за Балканот за кликови и влијателност

Еден мал и одлично напишан туторијал за тоа како да се освојат симпатиите на Косоварите, а како на Србите. За Македонците, упатството веројатно би било уште поедноставно. Кажи нè по име и веднаш се превртуваме на грб како мачиња, спремни да бидеме галени уште малку. Уште па ако ни признаеш дека Грците се педеришта, почнуваме да предеме, со молба: „Кажвај ни цели реченици...“

Начин број 1: НАДЕЖЕН ХУМАНИТАРЕЦ

1. Одбери земја од Балканот над која уште висат сенки од последните војни. Босна и Херцеговина или Косово, на пример. Постојано зборувај за војната. Секој локалец прашувај го за војната - каде бил, што правел. Тоа не е непристојно ако намерите ти се чисти.

2. Со помош на најукрасните и најсветкави прозни метафори, контрастирај ја убавината на локалниот физички пејсаж со бруталноста низ која тој предел морал да мине во не толку далечното минато. Зборувај за земјата како да е твоја родена земја, како самиот, од прва рака, да си ги искусил сите тие незамисливи злосторства. И секогаш пишувај ја земјата како што се нарекува со локалниот јазик (на пример, Косова, а не Косово).

3. Пробај да најдеш локален љубовен партнер, тоа ќе ја зголеми твојата автентичност и чувството за припадност во таа средина која е „толку блиска до Запад а сепак толку далеку од него“. Конечно, нивните семејства се твои семејства, ако не по крвна линија, тогаш по споделената света задача да се биде човек.

4. Откако ќе се изнаслушаш воени приказни, прифати ги како свои. Бидејќи ти вистински ја чувствуваш болката на тие луѓе. Ја чувствуваш до сржта на своето битие. Нивните мртви роднини и пријатели се твои мртви роднини и пријатели.

5. Игногирај ја очигледната контрадикција меѓу твојот космополитизам и западен прогресивизам со честопати исклучивиот локален национализам кој го поддржуваш. Бакир Изетбеговиќ и СДА се автентични претставници на репресираните! Голема Албанија е праведнички крик на колонизираниот и раселен домороден народ!  

6. Искупи се од твојот западен грев преку твојата работа. Во секој твит, покажи им на Босанците или Косоварите колку ти е жал што твојот Запад не интервенирал порано. Така ќе добиеш лојални следбеници и хејтери (главно српски тролови и ботови) и можеби, ако имаш малку среќа, ќе уденеш некоја комфорна академска или НВО позиција.

Начин број 2: ОСТАР „АНТИ-ИМПЕРИЈАЛИСТ“

1. Србија, неразбраната жртва на злобниот Запад е очигледен избор за тебе, бунтовното дете на бели, добростоечки родители кои сакаат да доминираат и кога не се свесни за тоа. Фиксирај ја Србија и Србите во секоја твоја анализа на секој политички настан на Балканот и пошироко. На крајот на краиштата, Србија е онаму „каде што се среќаваат Исток и Запад“. Србија е центар на модерните геополитички битки.

2. Постојано зборувај, постирај и пишувај за интервенцијата на НАТО во 1999 година. Зборувај за тоа како да си бил во Белград додека паѓале бомбите и контрастирај го тоа со идиличната атмосфера во некое пристојно американско предградие.

3. Често користи ги термините „шарена револуција“, „про-НАТО“, „про-запад“. Конечно, Србија беше татковина на ОТПОР, „про-натовската и про-западна шарена револуција“ која послужи како темплејт за сите шарени револуции кои следуваа.

4. Тврди дека Слободан Милошевиќ, автентичниот претставник на угнетените Срби, бил погрешно разбран и интерпретиран и дека вистинските негативци на распаѓањето на Југославија се наоѓаат на Запад. Прави го тоа „иронично“ дека да престане да биде иронично. Никој нема да ја забележи разликата. 

5. Игнорирај ја очигледната контрадикција меѓу тоа што си левичар а поддржуваш геноцидни и крајно-десничарски национализми. Кога ќе побараат да ги докажеш своите тврдења - а тие, иако се комплетно вистинити, систематски се замолчувани од комплексот Стејт Департмент - интелектуалци- НВО), кажи им да го гледаат “Тежината на ланците“ и да прочитаат што Чомски има напишано за Југославија.

6. Искупи се од својот западен грев преку твојата работа. Во секој твит покажи им на Србите колку ти е жал што Запад реши да се вмеша и да интервенира. Ќе добиеш лојални следбеници и хејтери (главно дунстери од „експерти“ на платен список на американската влада), и можеби, ако имаш малку среќа, ќе станеш радо виден гостин во твоите омилени левичарски подкасти.

Бронвин Скот-МекКарен

11 септември 2020 - 10:31