Како Африка куртули од ковид-19?

Да, и во Африка има заболени од ковид-19, за жал има и починати од вирусот, ама тоа не е ни приближно до апокалиптичните бројки за Африка кои се предвидуваа на почетокот од пандемијата, и кога светот кој не можеше да и помогне на Италија, целосно го отпиша континентот. Сега има една теорија според која не сме ни и биле потребни на Африка.

Примерот е со Јужна Африка, но параметрите важат на ниво на континентот. Земјата ги имаше сите предуслови за катастрофален исход од пандемијата од висока густина на население, немање можност за социјално дистанцирање до невозможност за исполнување на основни хигиенски предуслови.

Во тоа време дури и најоптимистичките предупредувања беа дека јужноафриканските болници - кои се дел од најразвиениот здравствен систем на континентот - за многу кратко време ќе бидат преплавени со болни и едноставно ќе крахираат.

Денес, Јужна Африка излегува од првиот бран на епидемијата со 7 пати пониска стапка на смртност отколку Британија. Научниците признаваат дека ова во добар дел се должи на нецелосни бројки, меѓутоа и признаваат дека тие да се згрешени и да се два пати поголеми, пак „Јужна Африка, како и голем број други делови од континентот, во кои голем број болнички кревети остануваат празни, имаат импресивни резултати“.

До сега најдоброто објаснување беше дека Африка има помлада популација, чиј просек на старост е речиси на половина од оној на Европа. Далеку помалку Африканци стигаа до 80 години, па е помалку веројатно да подлегнат на вирусот. Неколку месеци ковид-19 подоцна, научниците повеќе не се толку подготвени да се потпираат на возраста како клучно објаснување на бројноста на смртни случаи, па во случајот со Африка предвид се земаат повеќе фактори од брзото и беспоштедно спроведување на мерки за изолација и задолжителното носење маски до повисоките просечни температури.

Меѓутоа последниов период докторите од одделот за Вакцини и аналитики за заразни болести од болницата во Совето ја испитуваат теоријата според која - ниските бројки во земјата се должат токму на сиромаштијата во земјата.

Ова се базира на 5 години стари примероци од крв земени за време на едно тестирање вакцина против грип во истиот оддел. Планот е преку тестирање да се утврди дали лицата заразени со повеќе други типови на коронавируси (што предизвикуваат обична настинка) имаат одредено ниво на имунитет кон ковид-19. Јужноафриканските доктори ги занима дали сиромашниот дел од нивната популација, кој заради прегустата населеност на нивните населби низ годините редовно се заразува со овие вируси успеал да постигне (некаков) имунитет кон актуелниот коронавирус.

Заради проблеми во исполнување на строгите стандарди за тестирање, за сега целата работа е оставена на теорија, која меѓу другото ќе треба да одговори, зошто тогаш во сиромашните фавели во Бразил, бројот на заразени е далеку поголем.

4 септември 2020 - 15:40