Теоријата е на поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кој моментално ја одлежува 3-годишната казна затвор заради дела направени додека работел за Трамп.
„Мојата теорија е дека тој дури и да изгуби сепак ќе има доволно време меѓу изборите и почетокот на мандатот на следниот претседател. И во тоа време мислам дека тој ќе си поднесе оставка како претседател и ќе му дозволи на Мајк Пенс да преземе, и потоа ќе побара од Пенс да го помилува.
И ова е многу Никсон налик настан и тој веројатно веќе е разговаран меѓу Роџер Стоун и Претседателот Трамп, дека ова е еден од начините за да се избегне секоја потенцијална затворска казна,“ објаснил Коен.
Нешто слично се случува кога Никсон си дава оставка заради Вотергејт скандалот, по што неговиот наследник, Џералд Форд, му дава помилување за какви било обвиненија поврзани со Вотергејт.