Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Како биткоин се пошашави за празнициве

На 3 ноември биткоинот беше 14.000 долари, во неделата, пред да падне, растеше и повеќе од 1.000 долари на ден за да достигне блесави 34.000 долари за еден биткоин.

Пресудата за Асанж: правилен исход, по погрешна основа

Одбивањето да се екстрадира Асанж во САД по основа на загриженост за менталното здравје е хумана одлука, но таа не ги заштитува идните свиркачи.

Ако некогаш сте јаделе мразулци, најдете нешто друго за читање

Една од најстарите зимски заповеди „не јади жолт снег“, се надополнува со нешто кое метеоролозите одамна го знаат - „не јади мразулци што висат од кров“.

Асанж нема да биде екстрадиран во САД

Се очекува ќе биде поднесена жалба по одлуката, но за сега останува дека Асанж нема да може да биде екстрадиран во Соединетите држави каде го чекаат за да му се суди за шпионажа и хакирање на владини компјутери.

Амазон, од а до п

Корпоративниот гигант станува еден од најсериозните непријатели на планетава. Луѓе пресметале дека во една година, Амазон зад себе остава пластика со која може целата планета да се опаша 500 пати.

Додека ние почнеме со вакцинација, Израел ќе заврши

Израел има фасцинантни резултати во вакцинирањето на популацијата. Со вакво темпо, ќе завршат работа до март-април.

Убивањето на Џулијан Асанж

Одлуката за екстрадиција на Асанж во САД е првата работа што судот во Лондон ќе ја направи во 2021, и доколку екстрадицијата се оствари процената е дека тоа би било еднакво на потпишување смртна казна за основачот на Викиликс.

Вакцините на Фајзер и Модерна се имуни на тужби

Фајзер и Модерна не можете да ги тужите ако нешто тргне лошо по вакцинирање со нивните вакцини, пишува CNBC и додава: А и од владата не очекувајте дека ќе ви биде нешто компензирано.

Година на разумни одлуки

Знаеш дека си претерал со пиење на божиќна ноќ ако си почнал да пиеш како Томас а си се разбудил како Селин Дион.

САД имаат сериозен проблем со авторитарноста и тоа нема врска со Трамп

Додека милиони Американци се претворени во вазали кои мораат да работат на две или повеќе работни места, за ниски надоместоци и дневници, без здравствени и пензиски бенефиции, со малку работнички права и уште помалку опции во животот, на другата страна се случува такво спојување на државната и корпоративната моќ какво што претходно беше видено само во фашизмот.

НАТО годинава 350 пати пресретнувал руски воени авиони

Од над 400-те наредби за итно полетување на ловците на НАТО во одбрана на европските членки, 350 биле дадени по забележување на руски воени авиони каде што не треба да има руски воени авиони.

Со сегашното темпо САД за 10 години ќе вакцинира доволно Американци против ковид

Беше најавена како „Операција варп брзина“ и како таква почна со некои 200.000 вакцинирања на ден што е одлична бројка, меѓутоа не и за земја со народ колку САД.

Оксиметрите се некако - расистички

Популарните мали уреди кои личат на штипка и го мерат нивото на кислород во крвта, според една нова студија имаат три пати поголеми шанси да покажат погрешен резултат ако му мерат кислород на црн човек. 

Дезинфицирањето на сè и сешто излезе дека не се исплати

Во далечниот март 2020 човештвото се даде на беспоштедно дезинфицирање на секоја можна површина како да ќе исполнуваат критериуми за биохемиска лабораторија. Многу антибактериски марамчиња и литри Дизентал подоцна, излезе дека беспоштедното гланцање на сè и сешто и не е неопходно.

Трипер, уште ти ни фалиш

Над Европа (и светот) не кружи само еден бауч, оној на ковид-19. Масовното и прекумерно користење на антибиотици доведува до тоа некои речиси банални бактерии да станат супер-бактерии кои се резистентни на сè што имаме против нив. И во следните децени ќе нè косат како канцер.

Како Луи Витон се обиде да им се ценка на Тифани

По неколку драматични месеци во кои речиси целосно беше откажан 15,8 милијарди долари тешкиот договор, неделава се очекува дека акционерите на Тифани конечно ќе го одобрат спојувањето (и капитулацијата) кон ЛВМХ Моет Хенеси Луи Витон.

Ако СЗО не ти расипе расположение, кој?

Пандемијата на ковид-19, оваа што моментално ја преживуваме и што му крена „рачна“ на цел свет, и не мора да значи дека е од големите, се зборовите на организацијата која со месеци не можеше еден крај да пофати – СЗО, која има што да каже и за вакцините.

Нема веќе чоколатциња на каса

Британските власти веќе ја разработуваат забраната за поставување на една од најголемите супермаркет замки, лапни-голтни чоколатциња, бонбони, енергетски пијалаци и се останато што е на база на многу нездраво и многу шеќер. Не, тоа не значи дека брокула ќе стават до каса.

Како Епл планира да крене рачна на шпионирањето од Фејсбук

Да повториме, на Фејсбук му е повеќе од доволно само да ја имате инсталирано неговата апликација (без ниту еднаш да ја отворите или пак да се логирате) за да може да ве следи што правите (ако немате Фејсбук апликација на телефонот, а имате Инстаграм или Вотсап, исто ви се фаќа). Епл најде лек и за тоа во нешто што се вика „Транспарентност на следење“.

Првиот турски карго воз стигна во Кина

Турција и Кина се испофалија дека се поврзале железнички за карго превоз. Добро, не е тоа некоја амбициозна делница како меѓу Македонија и Бугарија. Ова нивното е само.8.693 километри.

Лаптопи нема и нема ни да има до 2022

Купувањето на десктоп и лаптоп компјутери е на нивоа кои не се видени уште од времето пред да се појави првиот смартфон, а производителите и понатаму барем неколку месеци ќе ги доцнат нарачките.

Оливер Стоун се вакцинираше со Спутник V

Првиот добитник на Оскар кој се вакцинираше против ковид-19 е Оливер Стоун а вакцината е руска. Филмаџијата ја прими Спутник чија латинска петка Русите ја гледаат како V за Victory (победа). Македонските здравствени власти, во склад со својата бахатост, јавашлук  и фушерај, не ни одговориле на понудата за евентуална набавка на таа вакцина.

Ќе го апсат ли?

Основи за започнување на истрага против Доналд Трамп ги има неброени (само Милер во својот извештај за Русија даде 10 примери кои можат да бидат толкувани како попречување на правдата), ама зад тие основи треба да застане некој со сериозна политичка моќ, а и волја.

Зошто Кина се сврте против својот најпознат милијардер, Џек Ма?

Основачот на Али Баба во ноември требаше на берза да ја извади својата финансиска компанија АНТ груп, која од првичното продавање акции требаше да собере околу 35 милијарди долари. Ова не се случи исклучиво благодарејќи на кинеските власти.