Многумина се чудат зошто сум се вакцинирал против ковид во Русија.
1. Вакцините на Фајзер и Модерна нема да бидат достапни за многумина од нас во САД со недели, ако не и повеќе/
2. Се погоди да сум во Русија на снимање нуклеарни објекти за документарец за климатските промени. Во еден таков објект во Белојарск постои едно фасцинантно технолошко чудо наречено FBR (Fast Breeder Reactor) кој го искористува сопствениот нуклеарен отпад и кој се чини досега не бил посетен од никого од Америка. За истата намена имам посетено и француски објекти а ќе снимам и на американски. Сакам да истакнам дек истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, години наназад е високо респектиран за неговата вирологија. Вакцината се нуди бесплатно на бројни клиники во Москва и други градови ширум Русија.
3. На темава нема место за идеолошки натпревар меѓу САД и Русија, каков што се изнагледав во нашите медиуми. Всушност, кај нас многу ретко се спомнуваше дека Русите преку летото успешно ја развиваа својата вакцина. Има многу параноја за Русија и Кина, нешто што не сите го споделуваме. Светскиот мир е засегнат а кога се работи за теми како климата и ковид, мораме да научиме како да ги користиме најдобрите умови на планетава за да ги решаваме овие прашања. Не постојат причини зошто САД, Русија и Кина не можат да бидат партнери во чиста енергија, но лакомоста по профит на нашите воени индустрии е една од причините кои тоа не го дозволуваат.
4. Занимливо е како неодамнешните случаи со сајбер напади и труења, а за ниеден од нив не се понудија солидни докази, почнаа да се случуваат со доаѓање на администрацијата на Бајден. Се чини дека нашите разузнавачки агенции се испреплетени со медиумите. Повеќе за тоа видете во анализата на Кеjтлин Џонстон.
Во меѓувреме, руската вакцина доби дозвола за употреба и на лица постари од 60 години откако клиничките испитувања покажале дека таа нема несакани резултати кај оваа групација а нејзината ефикасност останува над 90 проценти.
За соработка наместо натпревар и ваксерски национализам апелираше и поглаварот на римокатоличката црква.
Македонските здравствени власти (во овој момент замислете го Караџовски како со рачињата објаснува дека вирусот се качува кога одиме, недајбоже трчаме) не удостоиле ни со одговор на понудата за евентуална набавка на руската вакцина за која заинтересираност досега покажале 50-тина земји во светот.