Останува тоа дека ако заразен со ковид-19, кивне, се искашла или гласно зборува, капки што го содржат вирусот ќе завршат на околните површини. Тоа што се промени од март, е што сега научниците се на ставот дека ризикот на заразување од тие содржини е многу низок.
„Во болници тестирани се површини во близина на ковид-19 пациенти, и не е најден никаков заразен вирус.
Не наоѓаат заразен вирус затоа што вирусот е многу фрагилен во околината и многу брзо се распаѓа,“ објаснува микробиологот од Рутгерс Универзитетот, Емануел Голдман.
Професорката од Вирџинија тек, која изучува пренесување заразни болести преку воздух, Линзи Мар, објаснува дека првичните совет за дезинфицирање сè и сешто, веројатно биле претерување, бидејќи „сите сегашни докази наведуваат на тоа дека вдишувањето на вирусот од воздух е најважниот пат за пренесување на болеста.“
Ваквото ревидирање на ставовите се објаснува и со тоа дека првите студии се спроведени во лабораториски чисти услови и е користено далеку поголема количина од вирусот отколку што би можела да се најде во секојдневниот живот.
Според специјалистот за респираторни зарази од американскиот Национален институт за здравје, др. Кевин Фенели, не постои научно оправдание за масовното дезинфицирање на површини што моментално се случува, како по дома, така и во јавни објекти како аеродроми, згради и подземна железница.
Наместо гланцањето, сега експертите препорачуваат фокусирање на проветрување на воздухот во просториите и да се намали времето што го минуваш на затворено со луѓе со кои не живееш. Тоа што уште важи од почетокот на пандемијата е „носење маска секој пат кога ќе излезеш од дома“ и миење раце наместо дезинфицирање површини.