Кејти Николау е метеоролог од САД, и нејзиното предупредување следува по зимскиот тренд на зобање мразулци од која и да е причина.
Причината за алармирање на Кејти е дека мразулецот што сте го обрале најверојатно во себе содржи измет од птици (ако не и од други разни животинки), бидејќи мразулци не паѓаат од небо туку се формираат од слојот снег од вашиот во ниту еден момент чист кров.
Видео предупредувањето на Николау добива над 43.000 коментари, а во склад со времињата во кои живееме дел од публиката порачува дека не ги занима тоа што метеорологот има да каже и дека „ќе продолжат да јадат мразулци“, „малку измет од птица никогаш никому не наштетило“ или „дали тоа би требало да нè сопре?“