Амазон, од а до п

Корпоративниот гигант станува еден од најсериозните непријатели на планетава. Луѓе пресметале дека во една година, Амазон зад себе остава пластика со која може целата планета да се опаша 500 пати.

Амазон има сериозен пластичен проблем, предупреди непрофитната Океана, глобална организација која се занимава со зачувување на океаните и живиот свет во нив.

На основа на волуменот на нивниот обрт и амбалажата на производите, луѓето од Океана процениле дека само во 2019 година, пластично пакуваните производи кои Амазон ги циркулира, во природата оставиле 22 милиони тони пластика.

Тоа е како едно нивно комбе за транспорт на стока, во река, море, езеро или океан да исфрла полн товар пластика секои 70 минути.

Амазон засега не одговориле на прозивките на Океана. Треба тој одговор фино да се спакува.

 

4 јануари 2021 - 12:05