Екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД за да одговара за обвиненијата за шпионажа и хакирање, не може да се случи. Одлуката на судијката Ванеса Бараитсер е победа, меѓутоа не е освоена по принципиелна основа која би требало да ги формира темелите за спречување на неговата екстрадиција. Правната основа на одлуката е дека „екстрадицијата би била репресивна за него бидејќи ќе биде штетна за неговото ментално здравје“. Основачот на Викиликс има „периодично депресивно нарушување“ а е најверојатно дека ќе биде затворен во супер-максимален затвор, каде процедурите не го спречуваат Асанж „да најде начин да изврши самоубиство“.
И не е критикување на издржаноста на правната одлука на Баристер ако се каже дека ова е права одлука, но од погрешни причини. Британскиот суд одлучи дека американскиот затворски систем е премногу варварски за да ја гарантира безбедноста на Асанж и да му овозможи да ја каже сопствената страна на приказната. Меѓутоа тука се работи за нешто многу поголемо од Асанж: за новинарството, за слободата на печатот, и најважно од се, за можноста да се откриваат злосторствата извршени од последната останата светска суперсила.
Асанж се уште не е слободен: САД можат да поднесат жалба против одлуката на нашиот најнизок суд (тој сега ќе биде ослободен со кауција наместо да остане затворен имајќи ја предвид неговата докажана ментална состојба) меѓутоа правните експерти веруваат дека пресудата на Бараитсер ќе биде тешка за соборување. Тоа што и понатаму загрижува е дека не е поставен преседан за заштита на свиркачи - освен ако немаат слични ментални проблеми.
Пред повеќе од една деценија, Челзи Менинг смело даунлодираше доверливи документи од серверите на американската војска, откривајќи - најозогласеното меѓу нив - видео од 2007 во кое американски екипаж на хеликоптер се смее откако убива 12 невини луѓе, вклучително и двајца Ирачани вработени во Ројтерс. Екипажот лажно тврди дека било пукано на нив: без видеото на Менинг, историјата ќе продолжеше да ја води таа приказна како таква. Другите фајлови покажаа како стотици цивили во Авганистан - луѓе чии животи не се сметаат за доволно важни за нив да биде известувано од најголемиот дел медиумите - се убиени од силите предвидени од САД. Еден депеш разоткри скандали и корупција кај режимот во Тунис поддржуван од Западот, помогнат за водење на движењето кое го собори автократот Бен Али. Менинг прво им се обрати на американските весници со оваа информација ама без успех, па потоа оди во Викиликс, кој го објавува материјалот.
И ова е причината зошто Асанж е гонет од САД: за од него да направат пример за другите. Американските власти се плашат дека ако Асанж не се соочи со најстрашните ужаси на нивниот нехуман затворски систем, тоа нема да ги пишмани другите на сличен начин да ги изложуваат злосторствата на САД.
Еве зошто тоа е важно. Способноста на САД да распалат по цивили на странски држави зависи од тоа нивните домашни граѓани да не бидат свесни за исходот од истото. Согласноста за војната во Виетнам, на пример, почна да се распаѓа кога американските граѓани видоа снимки од конфликтот од расплакани деца со изгореници од напалм бомбите, или станаа свесни за стотиците кои беа убиени од американските сили во Мај Лаи масакрот. Од тогаш американската влада стана повешта во менаџирање на медиумското покривање на војната, вклучително и распоредување на новинари меѓу воените единици. Употребата на дрон напади - драстично зголемена од Барак Обама, кој ги користеше 10 пати повеќе отколку неговиот претходник - уби неброени цивили кои главно останаа анонимни. Цивилните жртви од воздушните напади во Авганистан пораснаа за 330% за четири години под Трамп, а тој не само што го зголеми бројот на напади од дрон, туку и ја повлече одлуката за објавување на бројот на цивили убиени со дрон надвор од воените зони.
Американската воена машинерија зависи од својата способност да го збрише постењето на брутална човекова реалност. Ако невини цивили можат тивко да бидат убивани без последици, тогаш нема ништо што може да сопре уште повеќе луѓе да дочекаат иста судбина. На американската армија не може да и биде дозволено да функционира неказнето: и токму тоа е сржта на овој случај. И додека слободата на Асанж може да биде спасена - иако и ова не е сигурно - аргументот за откривањето на вистината за војните извршени во име на американскиот народ мора да биде погласен од кога и да е.