Освен касите, од нездравите содржини ќе бидат исчистени и влезовите на супермаркетите и краевите од рафтовите, на кои обично се промовираат ваквите производи, а ќе бидат забранети и „пакет“ промоциите. Сето ова ќе важи само за супермаркетите со повеќе од 50 вработени, и за објектите со површина над 185 метри квадратни.
За да не страдаат само продавниците, правилата имаат и дизајнерска димензија па ќе го уредуваат и изгледот на он-лајн продавниците чија почетна страна и страната за наплата повеќе нема да смее да содржи линкови со промоции за нездрава храна.
Посебна категорија во планот се рестораните, кои повеќе нема да смеат да нудат бесплатно „репете“ на шеќерести пијалаци.
За сето ова да не им дојде нагло на дебелите и на продавниците и на производителите на вакви пијалаци, новите правила нема да почнат да важат пред април 2022.