Одлуката следува по неколку недели сослушување во централниот кривичен суд во Лондон, надополнета со кампања од поддржувачите на Асанж и останати кои ги осудија обвиненијата на САД против него како напад на слободата на печатот.
Тој е обвинет за објавувањето на стотиците илјади документи за војната во Авганистан и Ирак, како и дипломатски депеши во 2010 и 2011 година.
Во обвинението се тврди дека Асанж соработувал со Челзи Менинг во хакирање на лозинките на компјутерите на американската армија со цел вадење на документите. Асанж негира каква било соработка со Менинг околу хакирањето на лозинките.
Според неговите адвокати, обвинението е политички мотивирано, а тој е гонет затоа што Викиликс ги објавил американските документи кои ги откриваат доказите за воени злосторства и злоупотреба на човековите права.