Првиот турски карго воз стигна во Кина

Турција и Кина се испофалија дека се поврзале железнички за карго превоз. Добро, не е тоа некоја амбициозна делница како меѓу Македонија и Бугарија. Ова нивното е само.8.693 километри.

Во Кина, поточно во градот Шиан, во северозападната провинција Шаанши, на 23 декември стигнал првиот карго воз од Турција. Возот бил товарен со 1,383 фрижидери а тргнал од Истанбул на 4-ти декември.

„Овој радосен настан обележува ревитализирање на историските врски меѓу Турција и Кина“, изјавил турскиот амбасадор во Кина додавајќи дека железничката конекција меѓу Кина и Европа е особено важна во време на пандемијата и дека железницата игра круцијална улога во стабилизирање на меѓународниот логистички канал за набавки.

Од ова се очекува дополнително заживување на економската активност во цела Евроазија бидејќи железничкиот карго транспорт меѓу Турција и Кина е далеку пократок од вообичаениот прекуокеански транспорт.

Во првите 11 месеци на оваа година, на релација Европа-Кина, во Шиан дошле или од таму заминале вкупно 3.400 товарни возови, што е двојно повеќе од истиот период лани.

***********

Види:

Един народ, две планети

 

27 декември 2020 - 13:04