Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Брзи тестови, лажни резултати даваат

Откако Борис Џонсон понуди за сите луѓе во Британија брзи тестови два пати неделно, протекоа информации дека нивната прецизност е загрижувачки лоша: можат да бидат точни и само 2% точни.  

Од професорска плата нигде не се живее

40 годишниот Берни Деjл Харис од Северна Каролина водел двоен живот: дење на деца им предавал шпански и ја тренирал школската баскет екипа а ноќе го земал шурата и оделе да пљачкаат мексикански картели.

За Фајзер ќе треба и трета доза

На вакцинираните со две дози од Фајзер најверојатно ќе им треба и трета доза во рок од 12 месеци, а долгорочното решение е вакцинирање еднаш годишно, порачува ЦЕО-то на Фајзер.

Фајзер и Модерна згрутчуваат исто колку и АстраЗенека

Продолжува тепачката со научни студии околу вакцините и клучното „здравствено“ прашање која повеќе ќе се шитне. Овојпат Оксфорд вади истражување по кое Фајзер и Модерна згрутчуваат крв исто колку нивната. На малку пошироко ниво, студијата потсетува дека ризикот од згрутчување после вакцинирање од која било вакцина е далеку помал од оној кој го носи заболувањето од ковид.

Американските разузнавачи се пишманија околу муабетите што им ги вадеа на Русите

Во една од највпечатливите приказни од американската претседателска кампања, тамошните разузнавачи објавија и застанаа зад информацијата дека Русија почнала да плаќа пари на секој што ќе убие американски војник во Авганистан.

Астразенека го возвраќа ударот?

Раководителката на данската агенција за лекови, Тања Ериксен, колабираше како покосена сред прес-конференцијата на која беше објавено дека Данска трајно престанува да ја користи вакцината на Астразенека.

Кого Идриз Елба лаже дека глуми црнец?

Еден од највпечатливите ТВ ликови детективот Лутер, глумен од Елба, „не е доволно црн за да биде реален“ е забелешката на директорката за разноликост на Би-би-си.

ФБИ по цел ден само на Кина треба да работи

Моментално ФБИ има над 2.000 истраги кои се поврзани со кинеската влада, и на секои 10 часа отвара нова истрага околу Кина, изјавил првиот човек на ФБИ пред американскиот Конгрес.

Во овој момент, веројатно сте асимптоматски инфицирани

Не, не од ковид-19. Многу вируси знаат да нè инфицираат а да не нè разболат, бидејќи за вирусот, мртов домаќин е ќорсокак. Никој не знае дали коронавирусот ќе тргне во тој правец но во оваа фаза станува јасно дека главни ѕвезди на нашата борба против ковидот не се анти-телата (со кои и натаму сме опседнати) туку Т-клетките.

Астразенека и Џонсон и Џонсон го одброија своето во ЕУ

Европската комисија одлучи дека нема да го продолжува договорот со двете компании за снабдување со вакцини против ковид-19 по неговото истекување следната година.

Данска реши на бегалците да им покаже кај им е дома

Данска е првата европска земја кој се одлучи да ги повлече дозволите за престој на бегалците од Сирија, инсистирајќи дека во нивната татковина сега е безбедно да се вратат.

Новиот колонијализам: пребогати држави со премногу вишок вакцини

До средината на февруари 130 држави низ светот се уште немаа дадено ниту една доза на вакцина против ковид, а САД веќе имаа три пати повеќе вакцини отколку целата нивна популација.

Кина им даде шанса на веб-гигантите да се „само-корегираат“ да не бидат како Западот

Прва беше Алибаба која мина со казна од 2,8 милијарди долари, и таа е наведена како пример за 34 други локални гиганти на кои кинеската држава главно им го забранува насилничкото монополско однесување карактеристично за западните веб џинови.

Безос ќе почне да работи на нуклеарни ракети

За некои смешни за Безос пари, Блу ориџин фати тендер на Пентагон за дизајнирање на ракета на нуклеарен погон.

Како да работиш од дома а да не си дома?

Ако на работа не можеш заради пандемијата а дома не сакаш од - си знаеш ти зошто, дали изнајмување кабина (која личи како тојфор)  е единствената иднина на трудот црн народ?

Пораз со продолжено дејство

Во кратка војна која траеше неполни два месеца, Ерменија капитулираше откако беше целосно поразена од Азербејџан. Сега Азербејџан влезе во следна фаза од војната - ситење на убиените ерменски војници.

70% од Јапонците не се за одржување на Олимпијадата

Единствената двојба кај испитаниците е дали таа да биде целосно откажана или само одложена уште еднаш, меѓутоа крајниот став на 100 дена пред стартот на Игрите е дека Олимпијадата не треба да се случи.

110.000 луѓе имале поплака до Би-би-си околу пренесувањето за принц Филип

Главната поплака на овие 110.000 е дека Би-би-си претерала со покривањето на смртта на принцот Филип, откако речиси целосната содржина на сите платформи на медиумот беше посветена на него.

Жените побрзо губат анти-тела

Можеби мажите полесно губат клучеви и новчаници ама па жените не ги додржуваат своите анти-тела против ковид, кои, и онака ги имаат помалку од мажите. 80% од оние кои биле асимптоматски случаи а имале анти-тела, после 6 месеци - ништо. 

„Зелената” енергија која најверојатно ја уништува планетата

Од сите можни "зелени" енергетски решенија, сè повеќе се горат дрвја.  Системот кој се колне во заштита на средината, всушност ја уништува планетата. „Зошто се потепавме да рециклираме хартија, со цел да ги спасиме дрвјата, а потоа да ги гориме како пелети?“

Алибаба на прв ден е ќар од казната од кинеските власти

Кинеската групација за е-трговија е казнета со 2,8 милијарди долари, што берзите го протолкуваа како сигнал дека владата веќе нема да ја замара најголемата кинеска компанија.

Кинеската вакцина држи до брендот „кинеска“

Ефикасноста на кинеските вакцини не е висока, е најдоброто нешто што кинеските власти имаат да го кажат за своите вакцини.

Мишел лошо спиел (а ние немоќни да помогнеме)

Оној за кој Ердоган имаше предвидено столче кога Урсула фон дер Лејен мораше да седне на канабе и да чека дали ќе ѝ биде дадено сукало за да прави мантии, сега имал кошмари и му се вртела таа сцена по глава. 

Бил Гејтс стана еден најголемите земјопоседници во САД

Третиот по богатство човек во светот моментално поседува речиси 1.000 километри квадратни обработливо земјиште (сите 10 општини на Скопје се неполни 600 километри квадратни секакво земјиште).