Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, страда од бессони ноќи заради инцидентот во врска со распоредот на седење на состанокот во Анкара минатата недела, пренесува германскиот весник Ханделсблат.
Сторијата ја имавме овде а Турција одговори дека им наместиле како што нарачале (ММЕ кој прв седна).
Госпожата беше видно незадоволна од третманот но Мишел си седна ко попче и ниту во еден момент не му текна да стане и да ѝ го понуди своето место, ако не од политички, тогаш од инстинктивно каваљерски мотиви.
„Од тогаш не спијам добро, тие сцени постојано ми се вртат по главата“, рекол Мишел додавајќи дека да може да го врати времето, би ја поправил ситуацијата.