Пораз со продолжено дејство

Во кратка војна која траеше неполни два месеца, Ерменија капитулираше откако беше целосно поразена од Азербејџан. Сега Азербејџан влезе во следна фаза од војната - ситење на убиените ерменски војници.

Во понеделникот азербејџанскиот претседател, Алиев, го посети „Паркот на трофеите“ во кој е изложена воена опрема запленета од ерменските сили за време на војната.

Еден посебно впечатлив сегмент од паркот е делот на кој се обесени стотици шлемови од ерменски војници убиени во судирот.

Паркот наскоро треба да биде отворен за јавноста, а Ерменија уште сега го обвинува Азербејџан за „јавно понижување на сеќавањето на жртвите на војната, исчезнатите лица и воените затвореници, и за нарушување на правата и достоинството на нивните семејства.“

За ерменските власти, паркот е „доказ за геноцидната политика“ на Азербејџан.

Двете држави од распаѓањето на СССР се во судир околу Нагорно-Карабах. Во војната од почетокот на 1990-те загинуваат десетици илјади војници и цивили, меѓутоа на крајот Ерменија ја добива контролата врз територијата.

Во блиц војната октомври 2020, Баку (беспоштедно поддржан од Турција) успеа да им нанесе сериозни порази на ерменските сили, по што премиерот на Ерменија мораше да капитулира и да му го отстапи Нагорно-Карабах на Азербејџан.

13 април 2021 - 17:08