Ставот е на Гао Фу, директорот на Кинескиот центар за контрола на болести, кој дава две потенцијални решенија на проблемот:
- зголемување на бројот на дози или адаптирање на дозата или интервалот меѓу ревакцинација;
- микс со вакцини развиени со поинакви технологии.
Станува збор за признание кое е ретко за кое било поле во Кина, а посебно кај ковид-19 за кој и понатаму тие се главни кабаетлии во светот. Згора на ова, Кина се труди да се наметне како еден од главните дистрибутери на вакцини во светот, вклучувајќи и во држави како Индонезија, Турција и Бразил.
Двете фармацевтски компании кои стојат за најголемиот дел од кинеските вакцини против ковид-19, се уште немаат објавено детални податоци за ефикасноста на своите вакцини во медицинските журнали. Меѓутоа првичните резултатите објавени од компаниите, покажуваат дека нивната ефикасност значително заостанува зад новиот тип на вакцини базирани на мРНК.
Вакцината на Синовак на тестирањето во Бразил покажа ефикасност од 50,4%, додека на студијата во Турција имаше ефикасност од 83,5%. Од друга страна Синофарм тврди дека нивните 2 вакцини имаат ефикасност од 79,4 и 72,5 проценти.
Како споредба, Си-ен-ен ги дава вакцините на Фајзер и Модерна, кои имаат ефикасност од 97 и 94 проценти.
Забелешките на Гао доаѓаат во време кога Кина дома агресивно работи на масовното вакцинирање. До викендов Кина има дадено над 160 милиони дози, а намерата е 40% од 1,4 милијарди Кинези да ги вакцинира до крајот на Јуни.
Откако изјавата на Гао крена галама на социјалните мрежи и низ светските медиуми, по кратко време кинескиот Глобал тајмс објави негова нова изјава во која тој објаснува дека се работи за „комплетно недоразбирање“.
„Стапката на заштита од сите вакцини во светот некогаш е висока, а некогаш е ниска. Како да се подобри нивната ефикасност е прашање кое треба да се разгледа од научниците низ светот,“ се корегирал Гао.