Информацијата ја објавува италијанска Ла Стампа која се повикува на извори во италијанското министерство за здравство. Според нивните информации, Брисел повеќе сака да се фокусира на набавка на ковид-19 вакцини кои се базираат на мРНК технологија, како оние на Фајзер и Модерна.
Паралелно со ова, во средата, претседателката на ЕК објави дека се во преговори со Фајзер и Бионтек за потпишување на нов договор за обезбедување на 1,8 милиони дози од вакцината.
Вон оваа информација ни ЕК, ни италијанското министерство за здравство, официјално не ја потврдија веста на Ла Стампа.