Трамп од старт порача дека ова е „лага“, меѓутоа бидејќи цел мандат му калемеа дека е марионета на Путин во Белата куќа, веста доведе и до барање тогашниот американски претседател за ова да биде осуден за предавство.
Меѓутоа вчера администрацијата на Бајден објави дека американските разузнавачки агенции имаат „ниска до умерена“ доверба во сторијата, што, како што пишвуа Дејли бист, „на шпионски жаргон значи дека разузнавачите сметаат дека сторијата во најдобар случај не е докажана, а можно е и да не е вистина“.
Според апдејтот, веста за „наградите“ потекнала од „изјави на затвореници“, што ја зголемува веројатноста дека „некој им кажал на про-американските авганистански власти тоа што неопходно за да излезе од затвор“.
Извини од Американците стигна во форма на „проблематичната средина за оперирање во Авганистан“ ги комплицира американските напори за утврдување на што точно е гласина.
Стартните сомнежи околу веста беа дека иако Русите се сомничат дека соработуваат и финансираат најразлични авганистански милитанти, тие не се осомничени дека директно поддржуваат напади врз американските сили, бидејќи тоа би било ескалација која би довела до директен судар со САД и би се случила премногу доцна за да промени што било во војната.
Поранешни американски дипломати и разузнавачи минатото лето за Дејли бист изјавија дека се многу скептични во врска со сторијата околу наградите, и дека се сомневаат дека „тоа го објавил некој што зака да го забави повлекувањето на американската војска“.