Неколку клучни кинески државни органи на заеднички состанок за „Административни насоки за интернет платформите“ ги потсетија 34-те компании за економскиот план на Кина и централната позиција на интернетот во овој план, по што од нив „било побарано внимателно да го разгледаат предупредувањето од случајот со Али“.
На сите 34 им е даден еден месец за да се усогласат со кинеските закони за конкурентност, а потоа јавно да го објават својот план и на јавноста да и објаснат како планираат да се држат до тоа.
По ова Државната управа за регулирање на пазарот, ќе започне со инспекции во овие компании и ако открие дека и понатаму имаат анти-конкурентски пракси „тие ќе бидат сериозно казнети во согласност со законот“.
Намерата е кај компаниите со засега непоместливи позиции на пазарот да се искоренат следните активности:
- Забрана (казнување) на трговци кои сакаат да ги има на конкурентски платформи.
- Злоупотреба на доминантна позиција на пазар.
- Купување на мали но напредни стартапи на преполниот пазар.
- Дискриминирање против одредени корисници врз основа на базите на податоци што ги имаат за нив.
- Игнорирање на фалсификати на своите платформи.
- Протекување информации.
- Прекршување на даночните закони.
Регулаторот нагласува дека и понатаму ќе дозволи неколку веб компании да достигнат колосална големина, меѓутоа им е важно да се дозволи локалната економија да биде пазар кој ќе овозможи создавање и раст на нови и свежи компании и концепти.
34-те се: IQiyi, Baidu, Shell Search, Didi, Dangdang, Duodian, JD, Kuaishou, Meituan, Daily Youxian, Qihoo 360, Qunar, Sogou, Weidian, 58.com, Sina Weibo , Bytedance, Bilibili, Dingdong Shopping, Are you hungry, Gome, Hema Xiansheng, Pinduoduo, Ctrip, Xiaohongshu, Reading, Suning.com, Ali, Beibei.com, Mogujie, Netease, Yunji, Vipshop и Tencent.