На универзитетот во Кардиф била спроведено тестирање на присуство на анти-тела кај асимптоматските вработени во институцијата. Иста група луѓе, тестирана двапати во три месеци.
За време на првото тестирање, во јули 2020, сиге партиципиенти биле здрави, не биле ковид дијагностицирани и немале ковид симптоми. Од 739 луѓе кои биле тестирани, 3,65% имале анти-тела, нешто помалку од националниот просек на Обединетото кралство кое изнесува 4-6%. Малку изненадувачки резултат бидејќи за таква урбана средина се очекува поголем степен на заразеност но ок, ако се има предвид дека повеќето вработени работеле од дома во перидот март- септември.
Студијата не наишла на статистички значајни разлики меѓу бројот на мажи и жени со анти-тела иако доминантна група се мажите постари од 40 години. Но, кога се споредуваат нивоата на анти-тела кај оние кои биле тестирани позитивни се наидува на битна разлика: мажите имале три пати поголеми нивоа на анти-тела од жените.
На повторното тестирање три месеци подоцна, се открила уште една значајна разлика: од оние кои претходно имале анти-тела против ковид-19, 21,7% веќе не биле позитививни, што значи дека еден од петмина кои генерирале анти-тела, ги изгубиле (се претпоставува за 6 месеци бидејќи инфекцијата веројатно се случила три месеци пред првото тестирање).
80% од оние кои ги изгубиле своите анти-тела биле жени. Во просек 10 години постари од жените кои ги задржале анти-телата. Можно е сето ова да има врска со променетиот имун систем на жените кои се доближуваат до менопауза или пак се пост-менопаузални, нешто што е забележано и во врска со грипот.