Астразенека го возвраќа ударот?

Раководителката на данската агенција за лекови, Тања Ериксен, колабираше како покосена сред прес-конференцијата на која беше објавено дека Данска трајно престанува да ја користи вакцината на Астразенека.

Ериксен колабира во моментот кога директорот на Националниот здравствен борд ја објави одлуката околу Астразенека. Жената се чувствува добро но превентивно веднаш е однесена во болница.

За сега не е дадено никакво објаснување за причината за онесвестување на Ериксен.

Инаку, прес-конференцијата беше свикана за да се објави дека Данска целосно се откажува од вакцинирање со Астразенека, заради ризик од згрутчување на крвта.

Данска во март беше првата држава во светот што го паузираше вакцинирањето со Астразенека, по што и други големи европски држави донесоа слична одлука за паузирање. Сега таа е првата во светот што целосно се откажува од британско-шведската вакцина.

Земјата првично имаше одобрено користење на 4 вакцини: Астразенека, Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон. Моментално само две се во игра, откако Астразенека беше забранета, а Џонсон и Џонсон ја одложи испораката на вакцини во Европа заради неколку случаи на згрутчување крв во САД.

15 април 2021 - 15:11