Кабините кои изгледаат како клаустрофобични мини канцеларии почнаа да никнуваат во Јапонија пред неколку години а сега ги има и во Сингапур и други места.
Во Сингапур се изнајмуваат за три долара од час. Кабината нуди безжичен интернет, маса, столче и фен. Бизнисот го води извесна компанија Свич која засега има околу 60 работни тојфора а истата фирма држи и 3.500 други работни дескови кои можат да се изнајмуваат во споделени простори.
Неодамнешни сондажи покажаа дека мнозинството работодавачи планираат трајно да го усвојат хибридниот режим на работа - и кога пандемијата ќе заврши, да може да се работи од дома.
Во сторијата на ББС нашле луѓе кои патуваат со воз за да дојдат до кабините и во нив да сработат нешто.
Само да не се дома.