Цаката што го издала ликот на Елба е што тој „нема ниту еден црнец пријател и воопшто не јаде карипска храна“.
Без разлика што серијата константно е фалена и за тоа што има еден од најсилните црнечки главни ликови, за Миранда Вејланд од Би-би-си Лутер е само површно разнолик заради што е неопходно неговата црнечност да се продлабочи. Таа смета дека телевизиските директори секогаш мора да се осигурат дека црните ликови се во средина и култура која е целосно го одразува нивното потекло.
Во одбрана на серијата се стави и нејзиниот автор, Нил Крос, според кого, прво, Елба воопшто ја прифатил улогата само затоа што расата на Лутер не била важна за главниот лик, и второ, Крос е белец, кој не ни помислува да фејка црнечка култура:
„Немам ниту познавање, ниту експертиза, ниту право да се обидам на некој начин да го пренесам искуството на тоа како е да се биде црнец во денешна Британија.
Тоа ќе беше потег на страшна арогантност од моја страна да се обидам да пишувам за црн лик. Ќе завршевме со црнечки лик како што го замислува белец писател од средната класа.“
Минатата година беше објавено дека директорите на Би-би-си разговараат за разноликост на секој состанок околу новите содржини на телевизијата.